Помошник – државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, од Охрид рече дека Преспанскиот договор е пример за целиот свет, не само за Балканот.
„Она што отскокнува за мене и за многу Американци, е што во Преспа постои стандард за останатите во регионот и за остатокот во светот, како се решаваат отворени конфликти преку дијалог. САД остануваат силно фокускирани на Западниот Балкан, како клучна точка на нашата визија за Европа, цела и слободна. Меѓународната заедница го препознава значителниот напредок што досега го направи Република Северна Македонија и храброста што е потребна да се соочи со досегашните предизвици. Уште многу нешта треба да се направат. Започнувањето на преговорите со ЕУ е процес кој бара голема посветеност и решителност. Ние. претеседателот Бајден, секретарот Блинкер, САД, сме сигурни дека Северна Македонија ќе преземе се` што треба за да ги зајакне реформите, да се зајакне владеење на правото, да се справи со корупцијата, да се зголеми транспарентноста, за да се обезбеди просперитетна иднина за нејзините граѓани“, порача Рикер.
Рикер порача и дека САД, никогаш не го напуштиле овој регион, туку дека САД во голема мера е дел од овој регион.
„Треба да знаете дека САД сакаат да стојат рамо до рамо со вас, како партнер, сојузник и како пријател“, нагласи Рикер.
„Северна Македонија е Европа. Ова е европска земја. Кога јас долетувам овде доаѓам во Европа. И тоа не е вкоренето само во вашата географија, туку и во вашата историја. На билатералните состаноци што јас и колегата Палмер ги имавме, ја поздравивме одлуката на ЕУ од март минатата година да отпочне преговори за пристапување на Северна Македонија и на Албанија, како признание за спроведените реформи, неопходни за членство. Пристапувањето на Северна Македонија кон ЕУ ќе ја зголеми стабилноста во Европа и затоа суштински елемент на американската политика години наназад е поддршката за пристапувањето. Но, последните одлуки го поткопуваат кредибилитетот на ЕУ. Тоа испраќа погрешен сигнал и зајакнува некои перцепции во Западниот Балкан дека ЕУ го напушта регионот. Јас не верувам во ова. Но, затоа ние го поддржуваме почетокот на преговори со ЕУ на Северна Македонија и Албанија“, изјави Рикер на заедничката прес конференција со македонскиот премиер, Зоран Заев.