• Latest

Битиќи: Младите претприемачи го заземаат централното место во домашната економија

July 26, 2021

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Битиќи: Младите претприемачи го заземаат централното место во домашната економија

July 26, 2021 11:01
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Условите за започнување на нов бизнис и создавање на старт-апи се подобруваат, а младиот претприемач полека, но сигурно, го зазема централното место во домашната економија, посочува вицепремеирот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во интервју за Фактор.

Битиќи вели дека новите, иновативни бизниси се моторот на денешницата во современите економии и информира дека како дополнителна поддршка за домашната економија, пред околу шест месеци е формиран Националниот старт-ап совет, чија цел е размена на идеи, за да се креираат политики и да се создаде клима која ќе поддржува развој, иновативност, креативност и успех на новите бизнис идеи. Во моментов проектите на домашните старт-апи се ко-финансирани од Фондот за иновации и технолошки развој до 70 отсто од вкупната вредност на проектот, што значи дека за овие копании се обезбедува навистина силна финансиска поддршка од државата, односно од буџетот.

Битиќи пишува дека во моментот се работи на неколку законски решенија кои треба да воведат промена во актуелната состојба да го олеснат влезот и да се овозможат дополнителни финансии од приватни инвеститори во старт-ап компаниите.

-Владата ги гледа младите претприемачи како важен сегмент околу кој треба да се гради долгорочната стратегија за развој на домашната економија во иднина и сметаме дека токму Владата треба да е таа што ќе им го олесни патот кон бизнис светот на оние кои за првпат сакаат да започнат сопствен бизнис. За само четири години, Фондот за иновации и технолошки развој се претвори во дом за сите микро, мали и средни компании, а сега во своето портфолио брои преку 640 компании кои реализирале, започнале или ќе започнат со реализација на проекти во вкупна вредност на инвестицијата од 85,1 милиони евра, подвлекува вицепремиерот.

Како еден од клучните предуслови за развој на претприемништвото, Битиќи го посочува постоење на квалитетен и современ образовен систем, пришто додава дека тоа развојот ќе биде уште позабрзан во комбинација со активно вложување во инкубаторите и акселераторите за поддршка на старт-ап компаниите.

-Силно верувам во поттикнување на стартапите и новите иновативни компании, тие се оние кои ќе не воведат во четвртата индустријализација. Со нив можеме да решаваме голем број на социјални и општествени проблеми, да ги користиме најоптимално ресурсите, преку нив да работиме на се поголема инклузивност и диверзификација по сите основи. За да можеме да го оствариме сето ова има неколку клучни точки кои мора да работат во синергија – првата точка е образованието. Тука треба да почне семето на претприемништвото и да се храни храбриот и иновативен дух на младите луѓе. Самите универзитети и професорите треба да земат активна улога во поттикнувањето на новите лидери кои ќе го променат светот. Следни се инкубаторите и акцелераторите кои ќе вложуваат во ран развој, кои ќе даваат шанса на многу млади бизниси за да може од сите нив да се види кои ќе го поминат ситото и ќе преминат во следната фаза. По нив се инвестициските фондови, како Фондот за иновации, но и приватни фондови кои ќе вложуваат во супер креативни идеи на новото време. Секако, политиките и поставеноста на економскиот систем е работа на Владата и на тоа посветено работиме. Заедно со Националниот совет за старт-апи веќе работиме на овие храбри чекори, се надевам дека ќе инспирираме што повеќе луѓе да се вклучат и ќе бидат понесени од идејата – Северна Македонија старт-ап дестинација во регионот, нагласува Битиќи во колумната.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ