• Latest

Утврдена расна и етничка дискриминација од контролори на ЈСП кон студентот Сирхан Усеин

July 26, 2021

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
Абу Даби преговори за Украина, 10 ноември 2026 (CBS News screenshot)

Преговорите за Украина во Абу Даби: Главните прашања и изгледите за договор

November 11, 2026
Фото: веб страна на НАТО

Дронови над Балтикот: Латвија и Литванија активираа воздушна одбрана, НАТО активираше борбени авиони

November 11, 2026
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Утврдена расна и етничка дискриминација од контролори на ЈСП кон студентот Сирхан Усеин

July 26, 2021 14:43
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Контролори на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје извршиле директна дискриминација врз ромскиот студент Сирхан Усеин и неговата мајка, поради нивната етничка припадност и боја на кожа. И покрај тоа што имале годишен билет, биле малтретирани, навредувани и избркани од автобусот, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, по поднесената претставка од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

ЦИВИЛ веднаш најостро го осуди недоличното и насилничко однесување на контролорите од Јавното соoбраќајно претпријатие – Скопје кон студентот Сихран Усеин од Правниот факултет.

„Ги повикуваме надлежните институции веднаш да реагираат и да го расчистат овој случај, а сторителите да бидат соодветно санкционирани. Реакцијата на ЈСП Скопје со казнување на 20 посто од плата на контролорите кои јавно омаловажувале студент Ром, му се заканувале со сексуална злоупотреба, го навредувале него и членови на неговото семејство, го исфрлиле надвор од автобусот (иако имал студенски билет), расно го дискриминирале, и згора на сето тоа му нанеле физички повреди, не е соодветна мерка! Местото на насилниците и дискриминаторите не е во извршување на јавна работа, впрочем, место за такви лица не смее да има во ниту едно претпријатие или институција!“, беше и ќе остане ставот на ЦИВИЛ.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација му препорача на ЈСП во иднина да обезбеди непречен и еднаков пристап до добрата и услугите на сите граѓани на Република Северна Македонија, без разлика на нивната етничка и расна припадност. Претпријатието доби препорака да спроведе обука за подигнување на свеста и сензибилизација на своите вработени за работа со маргинализирани групи граѓани. КСЗД го следи извршувањето на мислењата и препораките во вакви случаи и иницира прекршочна постапка пред надлежен суд, доколку тие не се исполнат.

Хелсиншкиот комитет ја поздравува динамиката со која КСЗД во изминативе седмици им пристапува на случаите кои што ги презеде од претходната антидискриминаторска комисија.

„Очекуваме брза и ефективна работа и во иднина, која ќе придонесе за подобрување на состојбата со човековите права во земјава и во искоренувањето на дискриминаторските практики“, велат од Хелсиншки комитет.

Инаку, иницијативата АВАЈА организираше протест пред ЈСП во Автокоманда и побараа „ЈСП да си ги контолира контролорите“.

Д.М.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ