• Latest

Контролори од ЈСП со дискриминаторски и заканувачки пораки кон патник

February 11, 2020
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка

October 11, 2025

Стартува Системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната

October 11, 2025
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Контролори од ЈСП со дискриминаторски и заканувачки пораки кон патник

February 11, 2020 07:30
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сирхан Усеин, студент од Правниот факултет во Скопје, обвини контроли од ЈСП за дискриминација и насилничко однесување кон него, за време на неговото возење во градскиот автобус со број 53.

Во објавата на неговиот Фејсбук профил, Усеин пишува дека се качил во автобус со број 53, од населбата Маџари до Автокоманда, каде шоферот ги исвестил дека автобусот ќе треба да се сервисира во гаражата. Патниците се симнале и чекале на автобуската станица друг автобус.

„По 5 минути доаѓа приватен автобус со број 45. Пред влезната врата патници се буткаа да влезат внатре во автобусот. Дојде ред да влезам јас внатре во автобусот и еден повозрасен човек насилно ме бутна за да влезе внатре. Јас му реков дека сите ќе влеземе, нема потреба да се буткаме, каде  повозрасниот употреби пцовка упатена кон мајка ми. Му реков да не биде прост да ме пцуе и така да се однесува. По влегувањето внатре во автобусот повозрасниот човек седна до двајца контролори од ЈСП каде го прашуваа нешто на албански јазик повозрасниот човек и контролорот станува и од полн автобус јас во средина на автобусот ми бара билет, каде му поставувам прашање ЗОШТО САМО НА МЕНЕ а не и на цел полн автобус. Тоа што следува како одговор е дека: така тој сака“, пишува Усеин на својот Фејсбук профил.

Потоа, Усеин му рекол на едниот контролор дека таквото однесување претставува дискриминација кон него, дека е студент, има годишен билен и дека случајот ќе го пријави во полиција.

„Во истиот момент се јавив во полиција и разговорав со службено лице и додека му објаснував што е причината поради која се јавувам, да пријавам, следи одговорот на контролорот дека тие се главни и ќе прават како тие сакат. Додека зборував на телефон со полицаецот следеа закани во исто време од контролорите дека ќе ме удрат, ми се дереа и беа насилни, каде со сила ме фаќат за рака и ме буткат надвор. Ми падна телефонот надвор на третоарот и цело време додека се случува ова јас разговарам со полициското лице на телефон каде ме симнуват со примена на насилство врз мене на автобуска станица Општина Гази Баба каде и пренесов на службеното лице каде сум за да испратат полициска кола“, пишува Усеаин. 

Откако го симнале на станицата, насилно му го земале билетот и го провериле, со што се потврдило дека има годишен студентски билет и истиот му го фрлиле на земја. Усеин сакал да фотографира и им рекол дека и тоа ќе го пријави во полиција, а тие на тоа одговориле со прашањето „Дали некогаш си јадел ќотек?“.

„Еден од контролорите си запали цигара и ми се закани дека ќе ми ја изгаси од чело и пред да заминат ми се закани дека не сум знаел со кого си имам работа, им реков да почекат да дојде полиција. Не чекаа, си отидоа, каде што јас сам чекав ЗАСРАМЕН, НАВРЕДЕН И ДИСКРИМИНИРАН и дадов изјава, односно направија записник.  Немам веќе сила да бидам дискриминиран, поттиснат и кон мене и сличните на мене, да нема еднаков пристап само затоа што сме различи на повеќе начини мислам треба да дојде КРАЈ на ова“, пишува Усеин.

Здружението на граѓани Ромаверзитас преку соопштение го осуди ваквото недолично однесување на контролорите од ЈСП и ги повикаа надлежните лица од МВР, Комисијата за заштита од дискриминација, Народниот правобранител и ЈСП да ги преземат потребните мерки и целосно да го расчистат случајот.

„Ние сметаме дека ова општество заслужува подеднаква шанса за сите без никакви изживувања од насилниците, потиснувања, закани и дискриминација. Секое недолично однесување, навреда или закана заслужува и соодветна реакција до сите инстанци и институции во државата, барајќи корекција на насилството, говорот на омраза и дискриминацијата по било коај основа. Бараме соодветна постапка и заштита на нашиот студент на правен факултет Сирхан Усеин и истовремено го повикуваме, Јавното сообраќајно претпријатие –ЈСП, во име на насилниците – јавно да се оградат и извинат за недоличното однесување на нивните вработени лица и да превземат одговорност и мерки за корекција за истото да не се повтори“, стои во нивната реакција.

Здружението објави дека најавува простест пред ЈСП, поради зачестените вербални и физички напади, како и дискриминирачки пракси.

А. П.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дискриминацијаЈСПнасилствоСКОПЈЕстудент
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ