Рита Бехадини, новинарка и активистка за правата на жените, во видео порака за иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“: Разликите не прават поубави!.
-Живееме во општество каде што, ако сум Албанец, еден од соседите ми е Македонец, другиот Турчин, другиот од друга етничка припадност, сите зборуваме повеќе од три јазици, сите си ја знаеме културата на едни со други, ги славиме празниците на секој други. Затоа, тоа е дефинитивно предност. Разликите само не прават поубави, посочува Бехадини.
„Сите ние сме човечки суштества, да, различни едни од други, но тоа не го прави ниту едното ниту поважно од другото. Нашите вештини и способности не треба да зависат од тоа дали сте жена или маж, дали веруваме во еден Бог или повеќе богови, само кога ќе се почитуваме едни со други, ќе ги почитуваме разликите, ќе можеме да создадеме здраво општество, за нас самите , но и за нашите потомци.
Се вели дека вашата слобода завршува таму каде што се повредува слободата на другиот, и така треба да биде секогаш.
Мислам дека најважно за нас е дека ги надминавме јазичните бариери. Ако порано не можеа да се согласуваат едни со други, тие што имаа јазични проблеми: не, мора да зборувате на мој јазик, не, мора да зборувате на мој! Ние денес, како млади, ги надминавме овие бариери, секој од нас зборува туѓи јазици, се разбираме и се почитуваме едни со други.“, вели Бехадини.
„Јас лично се занимавам со правата на жените, се борам за правата на жените, бидејќи сметам дека моите права се повредени. И верувам дека се кршат правата на многу други, затоа овој проект е можност да застанам покрај нив и да им покажам дека не се сами и дека мора да се почитуваат сите видови разлика. Ние мора да направиме разлика и да ги почитуваме разликите.Сите сме различни, зборуваме различни јазици, имаме различни култури, можеби имаме различна боја на кожите, но пред се, сите ние имаме нешто заедничко. Сите сме луѓе, и ова не прави поубави!
Различностите само не прават поубави. Затоа, направете разлика, почитувајте ги различностите!“, порача Рита Бехадини.
Дијана Тахири
Камера: Игор Чадиновски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Биљана Јордановска