• Latest

Охридскиот договор – нов дух на водење политики што градат мостови, заедно се развиваме како членка на НАТО и идна членка на ЕУ

July 27, 2021

ДКСК: Само 35 отсто од учесниците на локалните избори поднеле финансиски извештаи на 11-от ден од кампањата, согласно Изборниот законик

October 14, 2025

Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК, 65 жртва на пожарот во „Пулс“, ОЈО ќе бара обдукција

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, СДСМ во Сарај и Чаир, Новаци, Ресен и Битола

October 14, 2025

Европскиот парламент бара нова стратегија за родова еднаквост и признавање на фемицидот како кривично дело

October 14, 2025

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Охридскиот договор – нов дух на водење политики што градат мостови, заедно се развиваме како членка на НАТО и идна членка на ЕУ

July 27, 2021 15:50
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Охридскиот рамковен договор донесе нов дух на водење политики кои градат мостови, а не ги рушат, политики коишто ги сплотуваат граѓаните и не ги делат на патот, на кој ја обезбедуваме иднината на нашата земја во заеднички евроатлански дом заедно со другите народи, рече премиерот Зоран Заев во обраќањето на денешната тематска седница на Владата посветена на 20 годишнината од Охридскиот рамковен договор.

Со Охридскиот рамковен договор, нашата држава е постабилна и побезбедна, со загарантирана меѓуетничка толеранција и посилна социјална кохезија. „Заедно се развиваме како држава во која шансите за благосостојба се еднакви за сите, како членка на НАТО и идна членка на ЕУ“, истакна премиерот Заев во обраќањето на денешната тематска седница на Владата, посветена на 20 годишнината од Охридскиот рамковен договор.

Тој подвлече дека оваа значајна годишнина се совпаѓа и со 30 годишнината од независноста на нашата земја, со 80 годишнината од народното востание и 20 годишнината од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација, како наш прв чекор во остварувањето на нашата заедничка цел за членство во  Европската Унија. При тоа ја нагласи посветеноста на актуелната Влада во заокружување на Рамковниот договор со усвојувањето на Законот за јазиците.

„Еден од првите приоритети на листата што новоформираната Влада во 2017 година беше заокружувањето на нормативниот дел којшто произлегуваше од Охридскиот рамковен договор и од Амандманот 5 од Уставот на Република Северна Македонија. Тогашната Влада, во која министри беа и поголем дел од овој, актуелен состав на извршната власт, ја исполни обврската која непотребно се одолговлекуваше од сите претходни влади, и го донесе Законот за употребата на јазиците. Со Законот за употреба на јазиците, како и со сите останати законски измени и подзаконски акти за правична застапеност, се заокружија одредбите од Охридскиот рамковен договор, кој беше потпишан на 13 август во 2001 година и со кој се стави крај на конфликтот и кој беше прифатен како гаранција дека сите прашања од интерес на заедниците во нашата земја ќе се решаваат низ дијалог и низ институциите“, рече премиерот Заев.

Охридскиот рамковен договор, додаде тој, стави крај на конфликт кој со себе понесе и жртви, и кој спречи нашата заедничка татковина да стане место на продолжен конфликт и на општество без надеж за мирен живот.

„Сепак, во моменти кога соживотот и меѓуетничката толеранција беа ставени на најголемиот тест, покажавме дека ние проблемите ќе ги решаваме низ институционалниот систем и никако поинаку. Покажавме дека сакаме да живееме сложно и обединетo, да напредуваме сите заедно.
И сето тоа беше постигнато во тесно партнерство со Европската Унија, Соединетите Американски Држави, НАТО и ОБСЕ. Денес тоа е и нивна успешна историја што заеднички ја одбележуваме. Со обврските за целосно почитување на принципите на недискриминација, рамноправност и правичност за сите етнички заедници, започна уште позабрзано градењето на Северна Македонија како едно општество за сите на цврсти темели, договорени меѓу сите етнички заедници и со поддршка на сите граѓани“, посочи Заев.

Тој нагласи дека Охридскиот рамковен договор, во својата суштина ги има дијалогот, разбирањето и создавањето на пријателска атмосфера како темелни вредности за решавање конфликти и недоразбирања беше насока и за Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија. На вредностите на тие договори Северна Македонија направи пресвртница во изградбата на држава според европски стандарди.

„Затоа денес Република Северна Македонија се препознава како заедничко и еднакво општество на сите граѓани. Концепт во кој силно веруваме. Се определивме за политики што ја градат Република Северна Македонија како граѓанска држава на сите кои живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници. Прифативме дека Македонците, како мнозински народ во нашата земја, имаат одговорност да креираат политики и атмосфера за негување, заштита и унапредување, афирмација и поддршка на употребата на сите останати јазици на припадниците на граѓаните кои живеат во нашата земја. Нашата определба да градиме и негуваме општество еднакво за сите, нашата цел да изградиме граѓанско општество, истовремено со почит кон социјалните, етничките, националните, верските и културните разлики – е посебноста и суштината на нашето заедништво. Тоа заедништво што се градеше со векови, за нас претставува обврска за нашата заедничка иднина“, порача Заев.

На тематската седница се обрати и првиот заменик претседател и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, кој го истакна значењето на одбележувањето на оваа јубилејна годишнина на Рамковниот договор како значаен документ кој што, вели, донесе мир, го промени Уставот и општеството и ни ги отвори евроатлантските перспективи.

Мотото на прославата е „По Охрид“, а програмата започнува вечерва со изложба во Мала Станица во Скопје со дела од уметници од сите заедници во земјава, ќе следува театарска претстава. Предвидена е и седница на Собранието, конференции на три универзитети, концерти, вклучување на немнозинските заедници и невладините организации, настани во Струга, Кичево и Чаир како општини кои што се директен резултат од имплементацијата на договорот… Програмата ќе финишира на 13 август со конференција во соработка со Универзитетот Колумбиа од Њујорк, со учеството на државниот врв, но и на пријателите од меѓународната заедница, од НАТО, ЕУ, ОБСЕ и САД и гости кои помогнаа со надминувањето на кризата и Рамковниот договор, како и со екслузивен концерт на Рам Лахај со нашата филхармонија и прием. За најмладите планираме концерт вечерта на плоштад.

„Истовремено, во соработка со консултантите ангажирани од ЕУ, кои што работат на реорганизацијата на државната управа, срочивме модерен предлог закон за работата на Министерството кое што и согласно коалицискиот договор, го надградуваме во мало, ефективно министерство кое што ќе се грижи за правата на сите заедници, не само етнички, туку на сите можни припадности. Текстот наскоро ќе го претставиме за ваши предлози. Заедно ги систематизиравме сите вработени по К5 програмата по повеќе од 10 години напори и обезбедивме дом за сите вработени и сите заедници и поврзани институции на едно место и сето тоа во првите шест месеци од оваа Влада“, информира Груби.

На седницата се обрати и шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој истакна дека Охридскиот рамковен договор е политички бисер којшто ги премина сите граници кај нас, но беше и внатрешна сила која што не подготви да се соочуваме со надворешните предизвици, а беше и база за потпишување на двата други договори со Бугарија и со Преспанскиот договор со Грција. На овој начин, нагласи Османи, се креира оваа автентична историја која што секој ден се повеќе се прифаќа внатре кај нас, но станува и пример во светот и ова е пример којшто е аргумент кој и светот го употребува.

Според министерката за одбрана Радмила Шекеринска, силата на Охридскиот договор, е дека и покрај уставните одредби и покрај законските обврски кои даваа права на заедници, тој успеа да создаде политичка клима на заедништво и на една држава која што има внатрешна кохезија.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров забележа дека во рамки на одбележувањето на 20-годишниот јубилеј, кулминацијата е на 13 август со заедничкиот настан со универзитетот Колумбија на којшто ќе дојдат многу од директните учесници во смирувањето на кризата и градењето на оваа заедничка куќа. Еден од столбовите е токму Охридскиот договор, рече Димитров.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ