ОПШТЕСТВО Регионалната конференција „Напади врз демократијата и човековите права: Граѓанските организации во поддршка на општествата од Западен Балкан кои се соочуваат со дезинформации, говор на омраза и хибридни напади“ ќе се одржи денеска, на 28 јули 2021 година, со почеток во 11 часот, во хотел Парк Резиденс & Спа во Скопје, сала „Њујорк“.
Конференцијата ја организира ЦИВИЛ во соработка со Балкан форум и членките на Платформата за граѓанско општество за демократија и човекови права (ПГО).
Меѓу учесниците и говорниците на двата панели на конференцијата се Марион Краске, проф-д-р Снежана Трпевска, Волфганг Ресман, Амина Шурковиќ, Ненад Шебек, Абит Хоџа, Тијана Цвјетичанин, Амина Шемсовиќ, Ерјон Цурај, Бојан Кордалов, Мерсиха Смаиловиќ, Владимир Георгиевски и други претставници на медиумите и граѓанското општество. Учесниците се од земјите на Западен Балкан и од Германија.
Настанот ќе се емитува преку онлајн платформите на ЦИВИЛ, на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот, додека медиумските содржини ќе бидат преведени од тимовите на ЦИВИЛ и Балкански форум. Редакциите се поканети да присуствуваат физички или онлајн. На барање од редакциите, организаторите ќе обезбедат линк за онлајн присуство на конференцијата.
ЧОВЕКОВИ ПРАВА Денеска во Собранието во сала „Борис Трајковски“во 11 часот, ќе се одржи презентација на наоди од регионалното истражување за ставови и мислења за ЛГБТИ права во регионот на Западен Балкан во организација на Меѓународната организација Civil Right Defenders, Собранието на Република Северна Македонија и Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.
ЗЕЛЕНИ Активистичката коалиција ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД ќе одржи прес-конференција пред Собранието во 10,30 часот.
ПРАВДА Министерот за правда Бојан Маричиќ ќе одржи брифинг во Клубот на пратеници во 12,30 часот.
СИНДИКАТИ Во 10:30 часот Синдикатот на УПОЗ ќе одржи прес конференција пред зградата на ССМ
ПРОМОЦИЈА Вечерва во 19,30 часот во Штип ќе се одржи промоција на новото граѓанско движење ЛДП и ДОМ, во Амфитеатар Фонтана на Мак Фест Безистен.
ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА Во Клубот на пратеници во 11 часот ќе се потпишуваат договорите за кофинансирање на проекти за прекугранична соработка со Бугарија и со Косово од страна на министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
СОБРАНИЕ Во 12 часот продолжува 47-та седница на Собранието со дневен ред Предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, второ читање.
Во 10 часот ќе започне Седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.
Во 13 часот ќе започне седницата на Законодавно-правна комисија со дневен ред:
-Предлог на закон за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од COVID – 19 врз производството и откуп на тутун, по скратена постапка – II читање;
-Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, по скратена постапка – II читање;
-Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за концесиии и јавно приватно партнерство, по скратена постапка – II читање;
-Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта , по скратена постапка – II читање
-Барање за давање на автентично толкување на член 173 став (12) а во врска со членот 175 став (2) од Законот за високото образование* („Службен весник на Република Македонија” број 82/18),
-Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија, по скратена постапка – II читање; (Поднесен од: Талат Џафери, Јован Митрески, Арбер Адеми, Кастриот Реџепи, Сурија Рашиди, Никола Мицевски).
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.