• Latest

Маричиќ: Потребно е раздвижување во делот на обвинителство

July 28, 2021

Последни три дена од изборната кампања

October 15, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Венецијанската комисија бара уставни измени и ограничување на мандатот на јавниот обвинител

October 15, 2025

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денеска во Скопје

October 15, 2025
Screenshot

Османи порачува дека нови градби без дозвола под негова одговорност нема да има, Меџити го обвини за лицемерие бидејќи живее во дивоградба легализирана за едно евро

October 14, 2025

Ви благодариме што се залагате за вистината и демократијата

October 14, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Ројтерс: ОН соопшти дека земјите се подготвени да помогнат во финансирањето на обновата на Газа од 70 милијарди долари

October 14, 2025
US Embassy Mexico City
Source: Embajada Estados Unidos en México Facebook

САД поништија визи на најмалку 50 мексикански функционери во акцијата на Трамп против нарко-картелите

October 14, 2025

(ВИДЕО) КОЛЕГИУМ: Избори со високи влогови – јасно и директно

October 14, 2025

Лариса Дир: Светот да ја повика Русија на одговорност

October 14, 2025
Tens of thousands join national strike in Belgium over welfare cuts
Source: Screenshot Euronews

Национален штрајк на големите синдикати во Белгија ги погоди јавниот превоз, аеродромите и бродовите

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ: Потребно е раздвижување во делот на обвинителство

July 28, 2021 20:15
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судскиот совет предничи пред Советот на јавни обвинители, односно Јавното обвинителство во делот на разрешување и утврдување на одговорност на судии. За разлика од Јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители кој во последните две години речиси да немаат разрешено ниту еден јавен обвинител, (исклучок специјалната јавна обвинителка Катица Јанева) Судскиот совет само годинава има донесено одлуки за разрешување на седум судии од разни судски инстанции во државата.

Министерот за правда Бојан Маричиќ, одговарајќи на прашање на МИА, колку реално може да очекуваме реформи во правосудниот систем ако веќе не се поместува ништо во делот на јавните обвинители, изјави дека се согласува дека е потребна повидлива динамика на Советот на јавни обвинители и генерално на Јавното обвинителство во однос на Методологијата за оценување и исход во постапки каде што би имало одговорност на јавните обвинители.

– Видно е различна динамиката каде што имаме шеснаесет разрешени судии за период од две години, од кои 7 од први јануари до денес, а од друга страна нема конкретен предмет за обвинител. Мислам дека битно што прв пат се употреби Методологија за оценување при избор на јавните обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје и Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Потребно е раздвижување во делот на обвинителство, рече Маричиќ.

На средбата со новинари министерот Маричиќ, воедно најави дека по судската ферија стартува меѓународниот мониторингот на  50-тина судски случаи на висока корупција и организиран криминал. Целта на овој проект според министерот за правда Бојан Маричиќ е да има набљудувачи со препораки кон судските власти, без да ги прејудицира и коментира содржински пресудите и исходите на постапките,

– Ние како влада го побаравме тоа уште пред две години. Среќни сме и задоволни што ќе почне овој проект за да се врати јавната доверба и да излезат на површина силните страни и слабостите во правосудниот систем за да можеме по објективно да гледаме на некои работи, случаи, изјави Маричиќ на средбата со новинарите.

Меѓу другото министерот за правда Бојан Маричиќ, брифираше и за измените на повеќе предлог закони. Како што посочи тој во измените и дополнувањата на законот за Академијата на судии и јавни обвинители се воведуваат законски критериуми за состав на органите на управување и водење на Академијата за судии и јавни обвинители, односно подетално се конкретизираат надлежностите на директорот, заменик-директорот, Управниот одбор и т.н.  Додаде дека се прави реорганизација на примениот и завршниот испит, се дава простор повеќе на практичното знаење на завршниот испит, помалку електронско полагање, повеќе полагање со анализи. Се намалуваат роковите за поднесување на приговори и жалби за целиот процес.

– Една важна точка беше времетраењето на учебната обука. Имавме шестмесечни преговори со ЕУ со намера да се скрати овој дел на практичен дел на обука. (9 и 24 месеци). Ние настапивме со идеја за оние стручни соработници (во судовите и јавните обвинителства), со повеќе од 6 години искуство да може да се скрати практичниот дел на обука до 6 месеци, но ЕУ жестоко се противеше. Ние оставивме на фелата да одлучи дали вреди ова скратување, рече Маричиќ.

Измени и дополнување на Кривичниот законик според најавата на Маричиќ опфаќаат неколку области.

– Прво имплементација на Конвенцијата за спречување и борба против насилство врз жените, вклучувајќи го и домашното насилство. Интервенција во кривичните дела кој што се поврзани со безбедноста на новинарите, менување на одредени одредби за конфискација, рече Маричиќ.

Во однос на Истанбулската конвенција повеќе интервенции во Кривичниот законик, однос измени најавени се во однос половиот напад и силувањето. Исто така демнењето е инкриминирано како ново кривично дело.

Во Законот за адвокатура кој е дел од Стратегијата за реформи во правосудниот сектор со новите измени ќе биде воведен стратешка насока за воведување на обврска за континуирана обука.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ