• Latest

Заев: Иницијативата е отворена за сите земји од Западен Балкан, ги покануваме и охрабруваме и останатите нашите колеги да се придружат

July 29, 2021

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Иницијативата е отворена за сите земји од Западен Балкан, ги покануваме и охрабруваме и останатите нашите колеги да се придружат

July 29, 2021 11:09
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Скопје денеска се одржува „Економски форум за регионална соработка“, на иницијатива на премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Форумот го отвори премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

„Од денеска започнува нова ера на соработката во регионот. Денеска во Скопје се претставници на преку 350 компании од Албанија, Србија и Северна Македонија и уште стотина претставници на стопанските комори и на деловните заедници од другите земји од Западен Балкан, како и од повеќе други земји пошироко од регионот.

Овој масовен одзив на нашата покана да учествуваат на овој настан и да бидат активни чинители на уште посилно и поорганизирано поврзување на регионот е силна порака дека Балканот почнува да создава највисоко ниво на разбирање дека економското поврзување и создавањето на динамичен и витален регионален економски простор е заедничка желба и амбиција.“, им се обрати на присутните премиерот Заев.

„Сакам да ве уверам, а се надевам дека тоа е и очигледно, дека нашата политичка волја, на претседателот Вучиќ, на премиерот Рама и мојата, е израз на нашата максимална посветеност да ги обезбедиме сите услови што зависат од Владите на нашите три земји за ефикасна регионална соработка.

Ова е силна политичка волја. Ова е јасна наша определба за највисок јавен интерес и за добробит на нашите народи – се поврзуваме за развој на нашите економии, за изградба на заедничка економија, за развој на регионот, за подобар живот на секој еден наш граѓанин. Се поврзуваме со јасна, отворена и јавна намера нашите народи час поскоро да осетат директни, економски придобивки од олеснувањата кои ги обезбедуваме. Очекуваме многу скоро бенефитите да се осетат во домашниот буџет на милиони семејства, во квалитетот на живот на милиони граѓани.

За сите нас е несомнено јасно дека само со интегриран и поврзан регион може да се движиме постојано кон нашата основна цел – членство во ЕУ. Бидејќи ние не можеме да бидеме ништо друго освен земји од ЕВРОПСКИОТ Балкан.

И ова што денес го градиме произлегува од европските вредности затоа што во себе, во своите темели ги содржи подеднакво исто четирите слободи на Европската Унија —  Слобода на движење на луѓе,  добра, капитал и услуги.

Ние сме посветени повеќе од кога било на спроведувањето на четирите слободи на ЕУ:

  1. Да обезбедиме слободно движење на стоки, преку зајакната инфраструктура на граничните премини, со 24-часовно работно време на сите гранични служби и со проширување на зелените коридори меѓу нашите земји и на Западен Балкан кон ЕУ;
  2. Да ги подготвиме сите владини политики за слободно движење на услуги, преку взаемно признавање на професионалните квалификации, воведување систем без дозволи за интер-компаниски трансфери во рамките на шесте земји од Западен Балкан, меѓусебно признавање квалификувани електронски потписи и други доверливи услуги;
  3. Да го прошириме слободното движење на луѓето, преку овозможување мобилност на студенти, научници и истражувачи, меѓусебно признавање на професионалните квалификации и со проширување на туристичките понуди и врски во регионот;
  4. Дополнително да го олесниме слободното движење на капиталот, преку усогласување на пристапот кон регулаторната рамка на ЕУ за финансискиот пазар.

За остварување на овие слободи, денеска како за почеток, ќе бидат потпишани еден договор и два меморандум за соработка.

За да ги обезбедиме условите за реализација на овие слободи, го слушнавме апелот на бизнисмените од целиот регион и ги започнавме постапките за сведување на минимум или на целосно отстранување на административните процедури таму каде што е тоа можно.

Во трите земји, во тек е забрзана дигитализација на огромен број административни процеси и бази на податоци.

Го слушаме и го прифаќаме и повикот на деловните луѓе од регионот – „помалку историја – повеќе економија“, за доброто и за иднината на граѓаните.

Нашата цел за интегриран регионален пазар носи дополнителен раст на БДП во регионот, бидејќи поврзани сме посилни. Тоа го го прави Западен Балкан попривлечен, поконкурентен и поблиску до пазарите на ЕУ.“, посочи понатаму во своето излагање Заев.

„Неуспехот на ЕУ да ги исполни ветувања за отворање на првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија, е против европската идеја, против интересите на самата ЕУ и спротивна на определбата за членство во Европската Унија на овие две земји кои ги исполнија сите критериуми за тоа.

Но, ние не можеме да чекаме сите внатрешни проблеми на Европската Унија да се решат за да одиме напред.

Ние сме тука и тогаш кога Европската Унија ќе биде подготвена, ние сме тука – веќе подготвени, со веќе обезбедени олеснувања за нашите граѓани и со веќе развиени економски иницијативи. За нив ќе зборуваме и денес, па се надевам дека ЕУ ќе најде начин да обезбеди и финансирање за истите, особено што голем дел од нив се дел од зелената агенда.

Но, денеска не сум тука за да говорам за Европската Унија. Тука сум за да говорам за нашите граѓани, за нашите земји, за нашите идеи, за нашиот европски Балкан. За Западен Балкан, за овој отворен регион.

За регион и за иницијатива коja денеска ќе се претстави со ново име, име кое ја одразува суштината на новата реалност што денеска ја промовираме сите ние заедно – лидерите, стопанствениците, граѓаните на Албанија, Србија, Северна Македонија и сите други земји од регионот.

Сите заедно му даваме нов импулс на заедничкиот економски простор, на поврзаниот регионален пазар.

Заедничкиот регионален пазар е мотивација за да се поттикнат нови регионални иницијативи насочени кон приближување и за интегрирање со пазарот на ЕУ.

Нашиот регион има приближно 18 милиони луѓе и тоа е многу сериозен капитал за да ги зајакнеме нашите економии. Да ја зголемиме благосостојбата на нашите луѓе и да донесеме големи инвестиции. Тоа се остварува многу потешко доколку го правиме поединечно.

Со регионално усогласување на политиките за инвестиции и подобра и координирана промоција, ќе ги направиме видливи потенцијалите на економиите на земјите од регионот за да ја зголемат нивната привлечност за странско директно инвестирање.

Нашите земји имаат огромен потенцијал за одржлив раст и развој.

Ќе побараме практична поддршка за да го направиме нашиот регион да биде извор на обновлива енергија за нашите граѓани и за зелената енергетска иднина на ЕУ.

На нас е да направиме се’ што е неопходно да бидат препознаени ресурсите на нашиот регион за зелената транзиција во Европа и ќе ги повикаме Европската унија и Соединетите Американски Држави, да бидат дел од развивањето на овие ресурси. Тоа е нашиот придонес кон европската зелена транзиција.

Заев го заврши своето обраќање со повик до сите земји на Балканот да се придружат на овој процес.

„Силната политичка волја и поддршката што ја добивме од деловните заедници на сите земји во регионот за нов импулс и за ребрендирање на регионалната соработка со многу повеќе динамика и за многу повеќе ефекти е наша, автентична и не-посредувана иницијатива.

Самостојно покажуваме политичко лидерство и грижа за унапредување на соработката, за која овој пат имаме и конкретна акциска програма и убеден сум дека тоа ќе биде препознаено како иницијативност за почит и за поддршка во Брисел и Вашингтон.

Дополнително, сметам дека една таква регионална соработка може да направи сериозен придонес во релаксирањето на политичките односи во регионот.

Ние сме отворени за сите иницијативи кои одат во насока да ja зајакнат регионалната соработка и што го забрзуваат процесот на интеграција во ЕУ на сите земји од Западен Балкан.

Ова е автентичен, заеднички процес на Северна Македонија, на Албанија и на Србија, но уште од стартот рековме дека иницијативата е отворена за СИТЕ земји од Западен Балкан.

И затоа уште еднаш: Ги покануваме и охрабруваме и останатите нашите колеги да се придружат. Заради нашите народи. Сите сме Балкан, сите сме европски Балкан.

Да ја направиме визијата за заеднички политички и економски простор на Западен Балкан реалност со конкретни придобивки за сите наши граѓани. Да направиме да стане важен дел од секојдневниот живот на нашите граѓани преку единствениот пазар.

Во тој дух да го засилиме процесот на соработка меѓу нас, во целиот регион и да продолжиме да даваме сѐ од себе за тоа да се случи.“, порача на крајот од своето обраќање премиерот Заев.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ