• Latest

Рама: Она што ќе го правиме во ЕУ утре, почнуваме да го правиме денес и тука во регионот

July 29, 2021

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Рама: Она што ќе го правиме во ЕУ утре, почнуваме да го правиме денес и тука во регионот

July 29, 2021 13:25
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Овој регион не може да продолжи да е заложник на минатото, поделени сме ситни. Сакаме да се проектираме кон иднината преку оваа иницијатива која не измислува ништо ново. Она што ќе го правиме во ЕУ утре, почнуваме да го правиме денес и тука во регионот, изјави премиерот на Албанија Еди Рама во воведното излагање на Регионалниот економски форум во Скопје.

-Зошто би требало ние да чекаме затворени во нашите граници свртени грб со грб еден спроти друг како што тоа се случувало во минатите 500 години, бидејќи на крајот на денот оној момент кога ние ќе се интегрираме во ЕУ ќе го правиме токму ова што го правиме овде без ЕУ, вели Рама.

Не дека можеме да си го одземеме овој потенцијал којшто овој регион го има и оваа соработка ја пружа., ние треба да сториме се за, вели, да си повратиме малку од изгубеното време кое што е тешко да се придобие повторно. Ние го немаме тој луксуз да губиме време бидејќи изгубивме премногу.

– Ова не е ниту помалку ниту повеќе туку формирање на еден амбиент којшто живее со принципите, вредностите и механизмите на ЕУ, но во меѓувреме секоја земја посебно си ги води своите напори за пристапување кон ЕУ. Поради што сите камиони и стока која што патува во земјите во регионот сега ќе минува се помалку време чекајќи на граница отколку патување. Секторот на трговијата ова го знае многу добро, многу подолго време се чека на граница отколку времето за да се стигне до друга гранична точка. Во чие име треба да ја прифатиме оваа реалност дека ова не е начин  на којшто се оди во ЕУ, во име на историјата, на конфликтите, во име на некои нерешени прашања за коишто знаеме многу добро дека треба да бидат решени во иднина.  Токму овде сакам да повторам. Нерешените работи помеѓу нас нема да се решат полесно отфрлувајќи и негирајќи го потенцијалот на ова здружување. Што повеќе овој потенцијал за соработка се преточува во слобода на движење, во економија, во перспективи до толку е повеќе можно нерешените прашања да бидат разрешени бидејќи сите овие општества ќе преминат на едно ново ниво на разбирање на себеси, останатите но и на иднината, вели Рама.

Премиерот Рама посочи дека денешниот ден доби уште една димензија на големина и значење и заради огромното присуство на деловните луѓе не само од Албанија и Србија, Северна Македонија, туку и од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Грција и од повеќе други земји.

Тој ја нарече оваа иницијатива за Албанија стратешка и потенцираше дека токму тој мозаик силно говори за вредноста на оваа иницијатива и за тоа колку на луѓето од бизнисот оваа иницијатива им е потребна, и дека заедничкиот регионален економски простор може многу повеќе да постигне отколку што тоа можат земјите сами и одделно да го направиме.

На Регионалниот економски  форум во Скопје на кој се присутни претставници на повеќе од 300 компании од регионот и од меѓународни институции, ќе биде објавено новото име на регионалната иницијатива што досега беше неформално нарекувана како „Мал шенген“ и ќе бидат потпишани трилатерални договори што се очекува да го подобрат животот на граѓаните и на бизнис заедницата од Западен Балкан.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ