ЛОКАЛНО-ПОДДРШКА Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак ќе се обратат на доделувањето договорите на третата група за реализација на инфраструктурни проекти во 32 општини од ТАВ програмата.
СОБРАНИЕ Собранието денеска ќе ја одржи 48-та седница, со дневен ред пратенички прашања.
Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија ќе одржи работна средба на тема „Одбележување на денот на холокаустот врз Ромите“.
Претседателот на Собранието Талат Џафери во 10 часот ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите. (Кристална сала/10:00)
ПОСЕТА Европратеникот Кристијан Сагарц денеска на посета во Скопје ќе одржи средби со Александар Николоски, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Биљал Касами, копретседавач на Мешовитиот парламентарен комитет, и со Арбер Адеми, претседател на Комисијата за европски прашања
ПРОМОЦИЈА Транспаренси Интернешнл Македонија организира онлајн настан кој има за цел да ги запознае учесниците со можностите кои ги нудат европските програми и фондови како дел од проектот: Промоција на заеднички вредности низ Европа.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.