• Latest
Премиерот Заев одговара на пратенички прашања, 30.07.2021

Заев за евроинтеграциите до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Криво ви е, ги пропуштивте сите шанси во 11 години!

July 30, 2021
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев за евроинтеграциите до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Криво ви е, ги пропуштивте сите шанси во 11 години!

July 30, 2021 14:33
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Премиерот Заев одговара на пратенички прашања, 30.07.2021

Премиерот Заев одговара на пратенички прашања, 30.07.2021

Share on FacebookShare on Twitter

Jас разбирам дека ви е криво, дека сте ги пропуштиле сите можни шанси во 11 години, разбирам дека знаете колку губите, дека сте провидни со вашите политики. Јас разбирам дека знаете дека ќе изгубите и на следните избори заради провидноста на ваквите ваши лицемерни политики, им порача премиерот Заев на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на прашање поврзано со почеток на преговорите со ЕУ и блокадата на Бугарија.


„Ако сме за ЕУ тогаш работиме за ЕУ и, ако целиот свет вели дека сме исполниле се и дека сме пример и за европски вредности, европски манири, европски односи, за сè, а само Бугарија е причината за следните наши чекори за интеграцијата во ЕУ, ама посочувате прст спрема ова Влада, тоа е недозволиво и заради тоа лицемерие ќе губите на изборите, оти народот знае сè“, им порача премиерот Заев на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои постојано му дофрлуваа и го прекинуваа од место за време на одговорот на пратеничко прашање.

„Апсолутно ниту имам намера да бидам нервозен, ниту има потреба и вие да бидете нервозни. На тој пат поголема афирмација нашата земја никогаш немала. На патот на ЕУ и на патот на првата стратешка цел, членството во НАТО не добила нашата земја никогаш поголема афирмација и поголема поддршка во тоа што денеска го има. И ред е да се поклоните на тоа и да кажете „аферим“, на тоа што е направено, се друго е кабаетлук, провидност во политиките кој што се препознаени од граѓаните. Дали се, ќе увидиме на 17 октомври, еве доаѓа, затоа што и тоа има рефлексија на изборите иако се локални, еве ќе дојде времето и тоа ќе го покаже“, порача Заев.

Тој потсети дека како шеф на опозицијата бил од помош на тогашната извршна власт и Влада за помагање и решавање на стратешките прашања. „За жал, вие не сте. Едно зборувате надвор кога сте, друго зборувате дома кога сте, трето – отворате провокации кои што не ни се потребни и сл. Така што, првиот одговор на прашањето е: Алтернатива за членство во ЕУ нема и не треба да има и фала му на Господ и на нашиот народ што сè уште, иако незаслужено, не го доби тоа што ЕУ го вети, сепак повеќе од 75%, во некои анкети 80%, во некои 76% е за членство во ЕУ и тоа така ќе продолжи“, истакна Заев.

Притоа, тој рече дека додека се чекa ЕУ да се одлучи, нема дилеми дека како држава треба да работиме, треба да градиме пријателство, да ги отвораме сите административни пречки и бариери, сè со конечна цел, да донесеме поголема благосостојба на нашиот народ, на нашата економија, трговија, извоз, затоа што тоа носи поголем БДП, поголем економски стандард, повеќе работни места и сл. Во тој контекст, тој зборуваше за придобивките од иницијативата „Отворен Балкан“.

„На времето имаше фајт, кавги, меѓу политичарите. Не така долго, пред четири години бевме скарани и со Србија и со Албанија и со Косово и со Бугарија и со Грција, со сите до еден и што добивме од тоа? Добивме бела чума, да заминат граѓаните надвор од државата, добивме разочараност, добивме апатија во општеството. Денеска имаме соработка во регионот, денеска лидерите седат заедно, зборуваат во исти дух за придобивките на својот народ, има разлика од небото до земјата за политиките денеска и пред 5 години и, затоа, ред е да се приклучите на тоа што е добро, на тоа што носи придобивки на нашиот народ“, упати порака премиерот Заев до пратениците од опозицијата.

ДЦ

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ