• Latest

Бугарскиот европратеник Џамбаски со остар коментар за Резолуцијата на македонското Собрание

July 31, 2021
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бугарскиот европратеник Џамбаски со остар коментар за Резолуцијата на македонското Собрание

July 31, 2021 16:32
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во писмо до европратениците, како и до шефот на германската дипломатија Хајко Маас, европратеникот од Бугарија Ангел Џамбаски, упати остар коментар за Резолуцијата за утврдување на државните позиции на Северна Македонија во контекст на блокадите на европските интеграции, усвоена во четвртокот во Собранието, тврдејќи дека таа ги прави застарени сите дискусии базирани на факти.

Џамбаски во писмото вели дека ако се почитуваат тие „црвени линии“, Заедничката македонско-бугарска комисија, формирана врз основа на Договорот за добрососедство во 2017, просто не може да функционира.

– Нејзина првична цел беше да ги реши проблемите што досега не беа решени, поврзани со историјата, културата, идентитетот и јазикот. Но од самиот почеток македонската страна повеќепати ја бојкотира Комисијата, бидејќи не може да претстави сигурни докази, базирани на првични и вторични историски извори, кои ги поддржуваат нејзините тврдења,тврди тој.

Тој обвинува дека Резолуцијата за „црвените линии“ ги прави застарени сите дискусии засновани на факти, документи и сигурни извори и посочува дека без оглед на доказите што се презентирани, македонската страна ќе каже дека едноставно нема да разговара за ова прашање.

– Оваа последна тактика очигледно ја потврдува нашата позиција, а тоа е дека современиот македонски идентитет се заснова на историска лага преку создавање државна митологија. Сакам да кажам дека не го одрекуваме државниот идентитет на Северна Македонија по 1944 година. Не негираме дека нивниот јазик е кодифицирана верзија на западнобугарските дијалекти, пак по 1944 година. Ние се спротивставуваме на секакви обиди да крадат делови од нашата историја, базирани на факти, признаени од меѓународни историчари, тврди тој.

Џамбаски на крајот пишува и дека друг неизбежен факт е дека бугарската позиција за историското прашање не може и нема да се промени./ МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ