• Latest

Вистиномер: Ковид пандемијата не е лажен проект на Светска банка предвиден до 2025 година

August 9, 2021
Фото: Скриншот од видео на MIRROR NOW

Старлинк на Маск не работи на целата фронтовска линија во Украина, интернет услугата претрпе глобален прекин

September 15, 2025
Фото: Фејсбук група „Стоп за Вардариште“

Стоп за Вардариште: Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци”, бараат трајно решение за депониите

September 15, 2025
Прес конференција, 13 септември (фото извор: видео снимка на МВР)

Манипулативна злоупотреба на поимот „хибридни напади“: Кога државата си измислува непријатели

September 15, 2025

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вистиномер: Ковид пандемијата не е лажен проект на Светска банка предвиден до 2025 година

August 9, 2021 12:03
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пост на Фејсбук шири невистини дека има лажна пандемија од ковид-19 и дека таа е проект за којшто Светската банка, наводно, ,,пресметала да заврши во 2025 година”. Исто така, дезинформација е дека Светската Банка „до 2025 година планира да ги избоцка сите по секоја цена“, со оглед на тоа што вакцинацијата е доброволна, а во програмата за стратешка подготвеност и одговор на ковид-19, којашто е јавно достапна, не се споменува вакцинацијата како нешто што ќе биде планирано на глобално ниво како задолжително. Во секој случај, повеќето земји во светот, апелираат на вакцинација за да се создаде колективен имунитет, односно да се спречи преносот на коронавирусот од еден на друг човек, пишува „Вистиномер“.

Анализата подолу ја пренесуваме во целост:

Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека се случува некаква:

Биолошка, терористичка операција како глобален проект преку лажна пандемиска корона која ќе доведе до тоталитаристичка, комунистичка колективна фарма на луѓе, говеда.

Светската болница (банка) го пресметала проектот со завршување во март 2025 година. До тоа време тие планираат да ги избоцкаат сите, по секоја цена, се вели во постот.

Како илустрација во објавата е дадена фотографија на која се гледа сет на податоци извадени од веб-страницата на Светска Банка, со број на програма Р173789 и име ,,Програма за стратешка подготвеност и одговор на ковид 19″ (Covid 19 Strategic Preparedness and response program).
Наспроти дезинформацијата изнесена во постот, дека оваа програма на Светската Банка има каква било  врска со вакцинацијата (како што се сугерира во објавата – „до 2025 година тие планираат да ги избоцкаат сите по секоја цена“), кога ќе се погледне содржината на програмата, се доаѓа до неспорниот заклучок дека во оваа програма нема ниту еден збор за присилна вакцинација.
Напротив, станува збор за глобален подвиг, односно програма која има за цел да го сумира начинот на кој на земјите во светот ќе им биде достапна финансиска помош за справување со различните предизвици од ковид пандемијата. Во моментот кога програмата е подготвена, вакцината воопшто не беше создадена. Во самиот извештај, кој е јавно достапен во документот ,,Стратешка подготвеност и програма за одговор на ковид 19″ (на страница 13), пишува дека еден од критичните начини да се одговори на пандемијата е:
Да се подобри медицинската нега и превенцијата на ковид-19. Вакцината е барем една година оддалечена и нејзиниот успех е неизвесен. Третманите коишто се ветувачки треба да се евалуираат ригорозно. Здравствените установи може да се подготват за најлошите сценарија со тренинг, опрема и детални планови за акција за наплив на пациенти кои бараат нега.

Цел на програмата

На стр.17, пак, пишува дека клучната цел на Програмата е да спречува, детектира и да одговори на опасностите од ковид-19 и да ги зајакне националните системи за одговор. За таа цел се работи со СЗО, УНИЦЕФ и други организации, со цел да се придонесе за глобално координирани напори во критичните области за да се мониторира импактот од пандемијата, социјалните и економските последици. Исто така, Светската банка преку проектот цели кон мултилатерални механизми за финансирање на глобални јавни добра, како, на пример, истражувања и развој на вакцини, дијагностика и терапии. Банката е во дискусија со Коалицијата за иновации и подготвеност за време на пандемии, СЗО, Светскиот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија и Глобалната алијанса за вакцинација – ГАВИ.

Целите на Програмата се да превенираат, детектираат и да одговорат на опасностите од ковид-19 и да ги зајакнат националните системи за подготвеност на јавното здравство. На 3 март 2020 бордот на извршни директори ја поддржа Светската банка да преземе итни акции за да ги поддржи напорите на своите земји членки за одговор на ковид-19 пандемијата. Така, бордот одобри 12 милијарди долари за да се адресираат последиците од пандемијата.

Погрешна интерпретација

Овие и уште многу други детали може да се прочитаат во обемниот документ, кој во постот што го рецензираме е погрешно интерпретиран, односно манипулира дека поради тоа што постојат глобални, светски напори за координирано меѓудржавно справување со ковид пандемијата, се работи за некаков светски заговор. Ова финансирање на зајакнувањето на здравствените капацитети и самиот глобален одговор на економските последици од пандемијата не значи дека Светска банка ја планирала пандемијата до 2025 година, како што се тврди во постот, туку дека до 2025 се отворени нејзините механизми за поддршка. Проекцијата не значи дека пандемијата ќе трае баш до 2025 година, туку дека само оваа програма е планирана за дотогаш. Самата програма опишува програмска рамка за одговор на глобалната пандемија со коронавирусот и користи програмски пристап во повеќе фази. Самата програма е наменета да се обезбедат адекватни ресурси за да се спонзорира брз одговор на кризата ковид-19.

Првата фаза на финансирањето се состои од кредити и позајмици за Еквадор, Аргентина, Демократска република Кнго, Етиопија, Гана, Хаити, Индија, Кенија, Малдиви, Пакистан, Парагвај, Сенегал, Шри Ланка, Јемен, Таџикистан и други земји.

Поради сета горенаведена аргументација оценуваме дека е невистина изнесеното во постот, дека коронавирусот е лажна пандемија и дека таа е проект за којшто Светската банка, наводно, „пресметала да заврши во 2025 година“. Исто така, дезинформација е дека Светска банка „до 2025 година планира да ги избоцка сите по секоја цена“, со оглед на тоа што вакцинацијата е доброволна, а во програмата за стратешка подготвеност и одговор на ковид-19, којашто може да ја погледнете на следниот линк во целост, не се споменува вакцинацијата како нешто кое ќе биде планирано на глобално ниво како задолжително. Во секој случај, повеќето земји во светот апелираат на вакцинација за да се создаде колективен имунитет, односно да се спречи преносот на коронавирусот од еден на друг човек, пишува „Вистиномер“. / МЕТА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ