ПОЖАРИ Центарот за управување со кризи во 10 часот во Скопје ќе одржи прес конференција во врска со пожарите во државата.
АРМ Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, командант на Командата за операции на Армијата, бригадниот генерал Бесник Емини и командант на Воздухопловниот ВИНГ, полковникот Стојко Пејовски ќе одржат прес конференција посветена на ангажманот на припадниците на Армијата во справувањето со пожарите во земјава. Пресот ќе се одржи во Центарот за обука на пилоти, во касарна „Страшо Пинџур“ – Петровец во 13:00часот.
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ Општина Ѓорче Петров ќе одбележи 20 години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила.
КУЛТУРА Вечерва во 20 часот во Кинотека ( Скопје) почнува Фестивалот на неми и класични филмови, со премиера на краткиот филм за Старо Скопје „Раѓањето на градот“, чиј автор е Катерина Габунија.












