ТРИБИНА Денеска во рамки на одбележување на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, во 10:30 часот ќе се одржи тематската трибина „Албанската кауза – пред и после Хасан Приштина“ на која ќе учествува и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.
ПРОЕКЦИЈА Во 12 часот во Скопје ќе се одржи проекција на документарниот филм „Охрид и потоа“ во организација на Центарот за европски истражувања и анализи Еуропроспера и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
ПРОСЛАВА Денеска ќе се одржи централниот настан, односно прославата по повод 20 години Охридски договор, во хотелот Александар Палас, со редуциран број на учесници заради новата состојба со зголемениот број на заболени со КОВИД -19.
ОДЛОЖУВАЊЕ Големиот концерт по повод 20 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор што вечерва требаше да се одржи на Плоштадот во Скопје, е одложен, заради почитување на препораките согласно со новата состојба со КОВИД-19.
ПРОМОЦИЈА НА ИСТРАЖУВАЊЕ Младинскиот образовен форум и Фондацијата за демократија на Вестминстер во 11 часот ќе одржат прес-конференција за промоција на истражувањето „Социо-политичко учество на младите Северна Македонија: Нееднаквост, неизвесност и различни очекувања“.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување












