ВЕСТ НА ДЕНОТ
Започнува кампањата „Вакцинирај се“ – за помасовна имунизација и борба против лажните вести за вакцините
Од денеска започнува владината кампања „Вакцинирај се“, за што помасовна имунизација и борба за спречување на дезинформациите и на сите лажни митови за вакцините што се шират во јавноста, соопштија нејзините промотори премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Граѓаните што шират лажни вести мора да имаат предвид дека со тоа се загрозува јавното здравје и тоа може да значи оптоварување на болниците и преидизвикување да не се вакцинираат граѓаните. Тоа е сериозна работа. Имаме сериозен проблем во болниците. На протестите не сме слушнале некоја издржана контрааргументација освен навреди и закани. Има и голем број граѓани кои се вакцинираат, па и тоа е сериозен глас на граѓаните. За медицинските лица кои изнесуваат вакви тврдења, Лекарската комора сериозно ги анализира овие написи и ќе излезе со свој став, истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата, одговарајќи на прашањето на Слободен печат.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ЕКОНОМИЈА Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ѝ додели околу 133 милиони нови специјални права на влечење (СПВ), или околу 161 милион евра на нашата земја, денеска ќе бидат вклучени во официјалните девизните резерви, информираат од Народната банка .
ЛИЧНИ КАРТИ Околу 40 илјади граѓани од денеска ќе можат да ги подигаат новите лични карти на кои ќе биде впишано новото име Република Северна Македонија. Печатењето и издавањето на личните карти е деблокирано откако Владата со подзаконски акт го овозможи тоа.
ДИК Неделава се очекува да пристигнат првите 250 терминали за читање на отпечатоци од прсти што ќе се применуваат на локалните избори на 17 октомври. Како што најави претседателот на ДИК Александар Даштевски во неодамнешното интервју за МИА, фингерпринт апаратите треба да бидат во земјава на 25 август.
КОВИД 19 Антиваксерските поборници преку своите групи на социјалните мрежи и на своите собири пласираат во јавноста непроверени и во најмала рака сомнителни информации во кои велат дека вакцината Фајзер содржи 99% графен оксид, супстанција која е добиена од графит. За ова тврдење тие се повикуваат на една шпанска студија која циркулира на Интернет.
Сепак, овие тврдења се невистинити и нема графен оксид во вакцината Фајзер.
МОНИТОРИНГ НА ЦИВИЛ Лажна вест е дека тепачката во Центар Жупа настанала поради сертификати за вакцинација
Таа дезинформација од социјалните мрежи ја презедоа порталите „Лидер“, „Република“, „Нетпрес“, „Прес24“, „Маркукуле“, „24инфо“ итн., и ја пласираа на нивните портали како вистинска вест дека тепачката настана поради „мерките на Филипче“.
ИНИЦИЈАТИВА: НАПРАВИ РАЗЛИКА, ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ
Мултиталентираната пијанистка, професорка и спортистка Дуња Иванова, во видео порака за Иницијативата „Направи разлика, почитувај ги различностите“ зборува за тоа дека сите ние и болката и љубовта ја чувствуваме на ист начин.
Перо Арсовски, еден од најдобрите македонски актери, со своето учество во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ преку видео порака им порачува на граѓанките и граѓаните дека мора да ги почитуваме истите вредности што ги почитува Европската унија.
ЦИВИЛ отвори повик за аплицирање за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Повикот ќе биде отворен до 30 септември 2021 година, но на заинтересираните им се препорачува да се пријават што поскоро.
СЛОБОДНА ЗОНА
Поправете ме ако грешам, драги мои, но во кандидатската листа на „Зелен Хуман Град“ за локалните избори за Советот на Град Скопје нема ниту еден Албанец, Турчин, Ром, Бошњак, Македонец со исламска веросиповест/ Торбеш?! За каков зелен хуман град се залагаат луѓево – само од „едната страна“ на Вардар?!
пишува во својата колумна Зелен хуман град – само од „едната страна“ на Вардар?! Петрит Сарачини
Кои се тие наши сограѓани кои можат да се стават во поимот НЕОПРЕДЕЛЕНИ?
За истражувачите на феноменот оваа е навистина широка тема, ама со тоа нека се занимаваат експертите од долгата листа доктори по општествени науки. За партиите, неопределени се сѐ додека не се определат за нив. Според анкетите, таквите граѓани сѐ над половината гласачи.
Пишува во својата колумна Неопределените како олимпијци Јован Маневски












