• Latest
илустрација: Зоран Кардула

Новиот проект на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ продолжение на извонредно успешната иницијатива „Обединети во различностите“

March 13, 2021

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Новиот проект на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ продолжение на извонредно успешната иницијатива „Обединети во различностите“

March 13, 2021 16:00
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
илустрација: Зоран Кардула

илустрација: Зоран Кардула

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ го започна проектот Направи разлика: Почитувај ги различностите во соработка со Министерството за надворешни и европски прашања на Големото војводство Луксембург. Проектот е продолжение на минатогодишната извонредно успешна иницијатива Обединети во различноста.

Направи разлика: Почитувај ги различностите е проект за промовирање на мултикултурализмот и европските вредности. Проектот има цел да ги ублажи разорните последици од етничката омраза и антизападните кампањи, преку кампања за јакнење на јавната свест, медиумска продукција и настани што ќе се фокусираат на позитивните пораки за мултикултурализмот и европските вредности.

Во месеците што доаѓаат, ЦИВИЛ ќе покани јавни личности, креатори на јавното мислење, експерти, политичари и граѓанки и граѓани да зборуваат за различностите и европските вредности.

Во последните месеци од минатата година, со преку 100 најразлични медиумски прилози за само два месеци, со бројни видео и ликовни пораки, колумни, интервјуа, анализи и цитати, ЦИВИЛ ја поведе Иницијативата „Обединети во различноста“, заедно со голем број јавни личности, експерти и претставници од различни сфери на општествено-политичкиот и академскиот живот во Северна Македонија.

Онлајн реакциите ги надминаа и најпозитивните очекувања на тимот што ја спроведува Иницијативата. Наспроти десетици илјади лајкови и позитивни коментари, имаше минорна бројка од негативни реакции и коментари кои, како што оцени Дескот на ЦИВИЛ за мониторинг на лажните вести и говорот на омразата, се претежно оркестрирани и упатени во организиран манир од познатите трол фабрики.

Како што најави организацијата, оваа значајна иницијатива продолжува и оваа година, со уште побогати содржини со видео пораки, интервјуа, колумни, што ќе бидат објавувани на медиумската платформа на ЦИВИЛ Медиа, на македонски и албански јазик.

Како потсетник за минатогодишната иницијатива на ЦИВИЛ Обединети во различноста, читателите во продолжение можат да ги проследат стоте  пораки од учесниците на иницијативата.

Стоте пораки за обединување на различностите

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ