• Latest

СДСМ објави уште 16 кандидати за градоначалници, конфискување на нелегален имот, попис под строги протоколи, Перо Камиказа и Арсовска независни кандидати за градоначаник на Скопје

August 25, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

СДСМ објави уште 16 кандидати за градоначалници, конфискување на нелегален имот, попис под строги протоколи, Перо Камиказа и Арсовска независни кандидати за градоначаник на Скопје

August 25, 2021 17:19
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

СДСМ ги објави имињата на 16 кандидати за градоначалници

Генералниот секретар на СДСМ , Љупчо Николовски, на прес конференција ги соопшти имињата на кандидатите за градоначалници. Станува збор за 16 кандидати, со кои како што рече Николоваски, СДСМ оди на голема победа на локалните избори.

Кандидатите за градоначалници се: Прилеп – Горан Сугаревски, Свети Николе – Сашо Велковски, Карпош – Душко Весковски, Тетово – Хенди Алезовиќ, Аеродром – Александар Филиповски, Сопиште – Сашо Стојановски, Јегуновце – Дарко Блажевски, Кавадарци – Горан Тодоров, Кратово – Влатко Бојковски, Чешиново – Горан Крстев, Зрновци – Виктор Ангелов, Илинден – Александар Тодоровски, Демир Хисар – Стевче Митревски и Велес – Ненад Коциќ.

Николовски истакна дека шанса им се дава пред се на нови и млади луѓе кои се ценети меѓу граѓаните. Тој додаде дека актуелниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоевски ќе биде вработен во некоја позиција во државна институција.

Тој истакна дека останатите кандидати ќе бидат соопштени до крајот на месецот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„За прв пат во нашата историја воведуваме правична и праведна контрола врз капиталот, отвораме пат за конфискација на нeлегално стекнат имот! Предолго незаконски се имаат богатено огромен број луѓе со реални, вистински пари кои дошле од џебот на граѓаните“, истакна вицепремиерот Љупчо Николовски на својот Фејсбук профил.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОПИС Небитно е дали некои од попишувачите се вакциниран или не. Имаме јасни и прецизни КОВИД-протоколи кои мора и ќе се почитуваат. Тоа е наша обврска, но и гарантираме дека протоколите максимално ќе се почитуваат. Ќе сносиме одговорност ако тоа не се случи, рече денеска на прес-конференција во Владата директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ Петар Георгиевски – Камиказа, басистот на групата Меморија на својот Фејсбук профил објави статус со кој најави дека би настапил на претстојните локални избори како независен кандидат за градоначалник на Град Скопје, поддржан од партијата Левица. Поддршка за неговата независна кандидатура доби и од Тамара Јованов, сопругата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

КАНДИДАТУРА Данела Арсовска, претседател на Сојузот на стопански комори објави незавиосна кандидатура за градоначалник на Град Скопје, а веста ја сподели на Фејсбук, со видео спот. Сепак нема да е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ како што се шпекулираше изминатите неколку денови.

ВАКЦИНАЦИЈА Лекарска комора бара да се пријавуваат здравствените работници кои шират псевдонаука и невистини за вакцинацијата

ПОПИШУВАЧИ Јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите трае уште денеска. Сите заинтересирани кандидати за реонски попишувачи можат да се пријават на онлајн апликацијата достапна на www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk.

МЕРКИ Доколку е потребно ќе донесеме нови мерки за поддршка на угостителите и граѓаните заради воведувањето на последните рестриктивни мерки за посета на угостителските објекти и затворените трговските центри, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

ИНИЦИЈАТИВА: НАПРАВИ РАЗЛИКА, ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Рита Бехадини, новинарка и активистка за правата на жените, во видео порака за иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“ истакна дека подобро ќе се разбираме и почитуваме ако се надминат јазичните бариери.

„Мислам дека најважно за нас е дека ги надминавме јазичните бариери. Ако порано не можеа да се согласуваат едни со други, тие што имаа јазични проблеми: не, мора да зборувате на мој јазик, не, мора да зборувате на мој! Ние денес, како млади, ги надминавме овие бариери, секој од нас зборува туѓи јазици, се разбираме и се почитуваме едни со други“, вели Бехадини.

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни изборни набљудувачи

ЦИВИЛ отвори повик за аплицирање за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Повикот ќе биде отворен до 30 септември 2021 година, но на заинтересираните им се препорачува да се пријават што поскоро. ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ