УПИСИ: На факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во прва година додипломски студии во учебната 2021/2022 година се слободни вкупно 10 678 места.
Првиот рок за пријавување на кандидатите кои се рангираат само според успехот во средното образование е 31 август и 1 септември 2021, а на оние кои се рангираат според успехот од средно и според проверка на знаења и умеења е денеска и утре (26 и 27 август 2021). Вториот рок за пријавување е 16 и 17 септември, а третиот на 28 септември 2021.
СВЕЧЕНОСТ: Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе присуствува и ќе се обрати на свеченоста по повод 22 години од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) што ќе се одржи во касарната „Боро Менков“ во Куманово. Целта на конференцијата е да се промовира методологијата за индивидуално насочено планирање прилагодена за лица со аутизам, развиена како клучен резултат од работата на Autism_PCP меѓународниот конзорциум во изминативе три години.
ИНФРАСТРУКТУРА: Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев заедно со првиот заменик–премиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и заменик–претседателот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, ќе направат увид на отпочнувањето на изградбата на мостот „Љубљанска“, кој ќе ги поврзува улиците „Илинденска“ и „Скупи“, и Општина Карпош со општините Ѓорче Петров, Бутел, Чаир и Шуто Оризари.
ВАКЦИНАЦИЈА: Министерството за здравство информира дека од денеска почнува вакцинација во малата сала на A1 СЦ Борис Трајковски во Скопје. Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат тоа може да го направат без да закажат термин.
Вакцинација и ревакцинација продолжува да се одвива и во останатите поликлиники во Скопје, како и низ другите вакцинални пунктови низ државата.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.












