• Latest
Карл Билд (фотографијата е преземена од The International Speakers Bureau)

Опасниот балкански застој

August 28, 2021
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Опасниот балкански застој

Дури и по повеќе од четвртина век на релативен мир, Балканот допрва треба да постигне трајна стабилност на која се надеваше кога се стави крај на војните во регионот. Сега, со застојот на ЕУ интеграциите, не може, а да не се исклучи враќањето на насилните конфликти.

August 28, 2021 08:45
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Карл Билд (фотографијата е преземена од The International Speakers Bureau)

Карл Билд (фотографијата е преземена од The International Speakers Bureau)

Share on FacebookShare on Twitter

КАРЛ БИЛД

Со две децении војна во Авганистан што доаѓа до најмрачниот можен крај, вредно е да се запамети дека поминати се три децении откако војната пристигна на Балканот. Двата случаи се примери за тоа како лошото управување во војна може да има катастрофални последици кои се влечат со децении.

На Балканот, по малата војна меѓу Југославија што се распаѓаше и една од нејзините конститутивни републики, Словенија, следеше поголем конфликт во Хрватска. По една година, суров конфликт беснееше и во Босна и Херцеговина. Одеднаш, „повоениот“ период во Европа заврши.

Балканските војни беснееја цела деценија. Дејтонскиот мировен договор стави крај на конфликтот во Босна во 1995 година, но потоа дојде Косовската војна, која продолжи до 1999 година, а по неа, во 2001 година, избувнаа сериозни насилства во денешна Северна Македонија.

Севкупно, балканските војни зедоа повеќе од 100.000 животи, раселија милиони луѓе и го вратија економскиот и општествениот развој на регионот децении наназад. Иако во голем дел живееше на кредит, старата Југославија на своите граѓани им даде подобар животен стандард од оној на своите социјалистички врсници. Долгата, насилна дезинтеграција го смени сето тоа.

Мировните договори кои беа донесени во тоа време едвај беа мерки за сопирање на сето тоа. Сите разбраа дека за трајна стабилност ќе биде потребна поширока и многу посеопфатна рамка. Така, во 2003 година, лидерите на Европската унија изјавија дека сите земји во регионот треба да работат кон иднина со стабилност и траен мир во рамките на ЕУ.

Никој не очекуваше тоа да се случи преку ноќ, никој не ни помислуваше дека процесот на интеграција толку ќе се развлече до степен како што е денес. По приемот на Словенија и Хрватска во 2004 и 2013 година, проширувањето на ЕУ со земјите од Балканот запре.

Причината за тоа е двократна. Прво, политичките и економските реформи во балканските земји кои не се дел од ЕУ се одвиваат исклучително бавно, додека корупцијата и националистичките сентименти вкоренуваат сѐ подлабоко. Второ, поддршката за понатамошно проширување избледи кај многу ЕУ земји. Иако политичарите сѐ уште ја поддржуваат идејата, нови препреки и одложувања се поздравуваат со олеснување во неколку клучни земји членки.

Понатаму, проблемите со балканските земји се сериозни. Четвртина век по Дејтонскиот договор, меѓународната заедница ја смета Босна за толку политички дисфункционална, што назначи нов Висок претставник со широки овластувања (бев прв со таква функција, со мандат од 1995 до 1997 година), со што ефикасно ја одвратија земјата од нејзината агенда за ЕУ членство.

Во меѓувреме, Србија се наоѓа под чизмата на автократски режим кој еден ден се додворува на Кина, а другиот се однесува послушно кон Русија, сето тоа додека нејзините претставници ја ставаат маската на добриот во Европската комисија во Брисел. Покрај огромните заложби и од ЕУ и од САД, нерешените прашања меѓу Србија и Косово не се ни блиску до решавање.

На крајот, откако беше блокирана од страна на Грција во членството за ЕУ (поради спор со името), сега Северна Македонија се наоѓа себеси попречена од страна на Бугарија од причини што датираат од далечната историја на регионот (но на кои им недостасува било каква современа релевантност).

Нешто што понатаму ги комплицира работите, борбата на ЕУ да ги заузда унгарските и полските владини напади на владеењето на правото и независните медиуми го потисна апетитот за преземање ризик со потенцијално илиберални нови членки. Кога Унгарија нуди своја ентузијастичка поддршка за пристапувањето на Србија, многу други во ЕУ гледаат скриена агенда која мора да се блокира.

Отворањето на преговорите за членство во ЕУ во 2003 година претставување храбар и мудар стратешки чекор. Но сега кога очекувањата за балканска интеграција ослабнуваат, сегашната фарса не може да продолжи. Наместо тоа, политичките лидери мора да ја прифатат реалноста и да почнат да ги мапираат реалните привремени чекори кои би можеле да ги подобрат условите во регионот без да се напушти конечната цел.

Добра појдовна точка е иницијативата Отворен Балкан, која има за цел да ја зголеми трговијата помеѓу Албанија, Северна Македонија и Србија. Но тоа не е доволно. ЕУ треба да го преземе водството со предлагање нов аранжман, кој би вклучил понуда за членство во рамките на својата царинска унија и единствен пазар.

Пред три децении, балканските војни започнаа со мал десетдневен конфликт на границите на Словенија. Сега, Словенија го држи ротирачкото претседателството со Советот на Европската унија. Агендата вклучува самит помеѓу сите земји на Западен Балкан и земјите членки на ЕУ овој октомври (2021). Тој повод треба да поттикне јасно и реално размислување од сите страни.

Алтернативата за Западен Балкан е да се лизне наназад во насилство. Се случило и претходно. Се случува и сега во Авганистан. Не смее да се случи повторно во Европа.

 


Карл Билд е поранешен министер за надворешни работи на Шведска од 2006 до 2014 година и премиер од 1991 до 1994 година, кога преговараше за пристапување на Шведска во ЕУ. Тој е реномиран меѓународен дипломат, служеше како специјален пратеник на ЕУ за поранешна Југославија, висок претставник за Босна и Херцеговина, специјален пратеник на ОН за Балканот и копретседател на Дејтонската мировна конференција. Билд е копретседавач на Европскиот совет за надворешни односи.


превод: Наташа Цветковска / ЦИВИЛ


Текстот е преземен во соработка со Project Syndicate. Линк до оригиналот: The Dangerous Balkan Standstill. Преземање на текстот или на делови од него е возможно исклучиво со атрибуција на изворите: оригиналот на англиски и преводот на македонски јазик.


Следете нѐ на Фејсбук и Твитер за да бидете во тек со активностите на ЦИВИЛ и со најважните настани и процеси во земјата, регионото и светот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ