Премиерот на Албанија, Еди Рама на Бледскиот стратешки форум, што оваа година е посветен на темата „Иднината на Европа“ со порака до претседателот на Бугарија, Румен Радев да не бидат толку европејци, туку да бидат малку балканци и да го отворат патот.
„Сакам да ја искористам приликата и да го прашам претседателот на Бугарија, ве молам, вие Бугарите, немојте да бидете толку европејци, бидете малку балканци. Отворете го патот. Отворете го патот.
Што се обидувате да спасите таму? Се обидувате да спасите што?
Отворете го патот за разговор. Дозволете ни да разговараме со нив, потоа вие како балканци, можете да стоите цело време на патот и да кажете не – блокираме овде, блокираме таму, стопираме тука, стопираме таму. Но, отворете го патот“, истакна Рама.
Видео од Фејсбук профилот на Марјан Забрчанец.