• Latest

Антидискриминациската комисија ќе ги едуцира дискриминаторите од ЈСП, Град Скопје најавува санкции

September 3, 2021

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
Абу Даби преговори за Украина, 10 ноември 2026 (CBS News screenshot)

Преговорите за Украина во Абу Даби: Главните прашања и изгледите за договор

November 11, 2026
Фото: веб страна на НАТО

Дронови над Балтикот: Латвија и Литванија активираа воздушна одбрана, НАТО активираше борбени авиони

November 11, 2026
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Антидискриминациската комисија ќе ги едуцира дискриминаторите од ЈСП, Град Скопје најавува санкции

„Секогаш ги осудуваме и работиме против сите дискриминаторски практики и несомнено Градот Скопје во случајов ќе преземе одговорност и ќе постапи по сите препораки од Комисијата. Со цел искоренување на овие дискриминаторски пратики, Градот Скопје ќе презеде конкретни мерки и одговорните лица ќе се соочат со законски и дисциплински последици“, велат од Град Скопје за ЦИВИЛ Медиа.

September 3, 2021 16:45
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Отакако зачестија случаите на дискриминација од страна на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП), од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) во наредниот период ќе им одржат обука за дискриминација со цел сензибилизација на возачите, контролорите и други вработени во работата со најразлични маргинализирани групи.

„Комунициравме со Секторот за човечки ресурси на ЈСП „Скопје“ и се договоривме ние од КСЗД да им одржиме обука на вработените во ЈСП. Од следната недела ќе го усогласиме датумот, местото и начинот како ќе се спроведе обуката. Треба да ги усогласиме и КОВИД-мерките. Обуките ќе бидат во насока на превенција на идни дискриминаторски практики од страна на возачите на нивните автобуси, контролорите и други вработени. Во моментов сме малку членови, но сепак ќе најдеме време да извршиме обука“, вели Игор Јадровски, член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, за ЦИВИЛ Медиа.

КСЗД вчера соопшти дека ЈСП-Скопје извршило директна интерсекциска дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, социјално потекло, етничка припадност и припадност на маргинализирана група врз жена и нејзините две малолетни деца. Како што објаснуваат тие, во претставката поднесена од Хелсиншкиот комитет за човекови права, се наведува дека возач на автобус на ЈСП насилно ги исфрлил од автобусот жената и нејзините две малолетни деца, од кои едното било во количка.

Пред еден месец, и ЦИВИЛ Медиа објави дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, по поднесената претставка од Хелсиншкиот комитет за човекови права, утврди дека контролори од ЈСП Скопје извршиле директна дискриминација врз ромскиот студент Сирхан Усеин и неговата мајка, поради нивната етничка припадност и боја на кожа. И покрај тоа што имале годишен билет, биле малтретирани, навредувани и избркани од автобусот.

ЦИВИЛ неодамна објави и за недоличното, дискриминаторско и насилничко однесување на вработените лица во Јавното соoбраќајно претпријатие – Скопје кои селективно постапија кон група од 5-6 малолетни лица (со потемен тен, и кои зборуваа албански јазик), од кои се побара да се симнат од автобусот бидејќи не носеа заштитни маски, а дел од нив немаа ниту билет. По кратка вербална расправија тие беа симнати во Трубарево. Но, тоа не беше случај со останатите патници во автобусот кои не носеа маски.

Од Градот Скопје за ЦИВИЛ Медиа велат дека изразуваат жалење и ги осудуваат посочените инциденти поврзани со ЈСП „Скопје“.

„Секогаш ги осудуваме и работиме против сите дискриминаторски практики и, несомнено, Градот Скопје во случајов ќе преземе одговорност и ќе постапи по сите препораки од Комисијата. Со цел искоренување на овие дискриминаторски пратики, Градот Скопје ќе презеде конкретни мерки и одговорните лица ќе се соочат со законски и дисциплински последици.

Градот Скопје е град за сите, град каде различностите нѐ поврзуваат и не дозволува дискриминација по ниту еден основ, а инклузивноста е еден од главните приниципи во нашето работење. Исто така, инсистираме овие начела да се почитуваат и во работењето на сите градските инситутции и претпријатија“, велат од Град Скопје за ЦИВИЛ Медиа.

Од таму велат дека во изминативе четири години, Градот Скопје значително ги зголеми финансиските средства од Буџетот за поддршка на проекти од немнозинските заедници од програмите за култура, спорт, социјала и за невладините организации. Исто така зголемен е и процентот на вработени од немнозинските заедници во градската администација.

ЦИВИЛ најостро го осуди и ќе продолжи да го осудува недоличното, дискриминаторско и насилничко однесување на вработените лица во државни институции и јавни претпријатија.

„Местото на насилниците и дискриминаторите не е во извршување на јавна работа, впрочем, место за такви лица не смее да има во ниту едно претпријатие или институција! Ова општество не смее да дозволи никакви изживувања од насилниците, потиснувања, закани, говор на омраза и дискриминација по никаква основа. Секое недолично однесување, навреда или закана заслужува соодветна реакција од сите инстанци и институции во државата“ – беше и ќе остане ставот на ЦИВИЛ.

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ