ЦИВИЛ разговараше со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, вчера, два ден пред почетокот на пописот. Меѓу другото, го прашавме што ќе се случи доколку некои граѓани сепак одлучат да не се попишат, односно дали за нив следуваат казни, како што предвидува законот.
ЦИВИЛ Медиа: Што доколку некои од граѓаните сепак одбијат да се попишат? Законот предвидува дека попишувањето е задолжително, и дека за одбивање следуваат казни и одговорност.
„Последната работа што сакаме да се случи, е да казнуваме заради неучество на попис, меѓутоа, ако е потребно, ако не наидеме на разбирање и ако по сите убедувања сепак граѓани одбиваат да бидат попишани, тогаш ќе ги примениме овие мерки.“, посочи Симовски.
Д. Тахири
камера и монтажа: Ариан Мехмети