• Latest

Маричиќ: Пет судови ќе бидат опфатени во првата фаза на дигитализација на судството

September 7, 2021
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Маричиќ: Пет судови ќе бидат опфатени во првата фаза на дигитализација на судството

September 7, 2021 10:49
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда, Бојан Маричиќ денеска преку видео врска имаше обраќање на настанот организиран од ЕПИ на тема „Дигитално судство – нова ера на реформите на македонскиот правосуден систем“.

Маричиќ посочи дека како Министерство свесно или не, се соочуваат со оргомни промени кои ги наметна дигиталната ера.

– Следејќи ги промените во начинот на кој живееме произлегува и потребата нашето општество да доживее дигитална трансформација. Таа полека, но сигурно ќе ја преземе секоја клетка на нашето општество без исклучок. Примената на информатичко-комуникациските технологии на државно и локално ниво во рамките на јавните служби се претвори во нужна потреба со која ќе се придонесе за подигнување на квалитетот на давање услуги кон граѓаните  а со тоа и да се подобри односот помеѓу граѓаните и општо државните институциите, рече Маричиќ.

Според него во овој тежок период на светска пандемија, стана јасно дека дигиталната трансформација не е само пожелна, туку и апсолутно неопходна за ефикасен и функционален јавен сектор.

– Само независното и непристрасно судство може да биде гарант за демократијата и владеењето на правото. Затоа како Влада и како Министерство за правда покажавме силна политичка волја, заложба за реформирање на правосудниот систем и желба за враќање на довербата на граѓаните кон државните институциите. Работиме на остварување на целите кои ги имаме поставено пред нас и полека, но сигурно веќе резултатите се гледаат. Дигитализацијата на која сме фокусирани изминатиот период, очекуваме да придонесе кон зголемување на транспарентноста и отвореноста на судовите, зголемување на  ефикасноста на судиите и судовите, и овозможување полесен и поедноставен пристап до правдата и до услугите, истакна министерот за правда.

Секој момент, како што посочи  Маричиќ, се очекуваат да пристигнат во државата двајца експерти од САД во обиколка на судовите, со цел да направат целосна спецификација, бидејќи секој суд, секоја судница си има свои карактеристики, а соодветно на тоа и за потребата за опремување ќе биде различна. Први ќе бидат опремени Основните судови Штип, Кавадарци и Струмица, како и Кривичниот и Граѓанскиот суд во Скопје, кажа Маричиќ.

Воедно, министерот нагласи дека со ОБСЕ се работи на изготвување функционална платформа на која ќе бидат бидат објавувани податоци за работата на судовите во врска со квалитетот и квантитетот на нивното работење (распределбата на предмети, завршени предмети, времетраењето на постапките, одложувањета итн).

– Ситуацијата поврзана со КОВИД – 19, не насочи кон еден нов начин на извршување на нашите работни задачи и активности, што дополнително се појави потребата голем дел од услугите од институциите да ги добиваме по дигитален пат. Сите процеси, поради меѓузависноста на институциите и сложеноста на секој правен систем, вклучително и нашиот, се нужно долги и бараат голема соработка пред да се претстават пред граѓаните. Затоа паралелно работиме и на интероперабилниот план за непречена двонасочна комуникација помеѓу судовите и другите институциите, додаде Маричиќ.

Во таа насока, министерот за правда истакна дека ИКТ советот веќе започна со реализација на активностите предвидени во оперативниот план. Меѓуинституционално,  заедно  со Министерството за информатичко општество и администација ги завршуваат преговорите околу воведувањето на дигиталните услуги за издавање уверенија и потврди од прекршочната и кривичната  евидинција. Овие услуги се очекува да бидат достапни прво за физички лица и тоа во втората половина на септември.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ