• Latest

Царовска: Училиштата се должни да спроведат онлајн настава за оние кои се во изолација

September 14, 2021

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Царовска: Училиштата се должни да спроведат онлајн настава за оние кои се во изолација

September 14, 2021 12:04
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Од вкупно 240 илјади ученици кои се со физичко присуство во моментов во државата, активни случаи на ковид од почетокот на учебната година се 0,2 проценти. Во текот на вчерашниот ден дијагностицирани се нови 50 ученици позитивни на ковид, односно 0,02 проценти, рече денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска во одговор на новинарско прашање.

Министерката посочи дека обврската е континуирано да се почитуваат протоколите, за училиштата да останат безбедни и да продолжат со физичко присуство.

-Сите ние сме сведоци на континуирана трансмисија во целиот контекст во кој што ние живееме во општеството. Училиштата не се надвор од нашето општество ниту надвор од нашите локални заедници. Наша обврска е да ги почитуваме протоколите доследно и да правиме се училиштата да останат безбедни и да продолжат со физичко присуство, рече Царовска денеска при посетата на централното основно училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров.

Таа напомена дека доколку се појави каква и да е потреба или аларм од епидемиолошката служба или од Комисијата за заразни болести, Министерството е подготвено директно да се префрли на следен модел кој ќе биде препорачан, а трите модели се донесени и утврдени од Влада во соработка со Комисија за заразни болести.

Прашана колку ученици во моментов се во изолација министерката посочи дека како министер не е надлежна да зборува за бројка на изолирани, но информираше дека во основното образование околу 2 отсто од учениците следат онлајн настава, а во средно образование, околу 7 проценти.

-Министерството за образование и наука не издава решенија за изолација. Токму затоа јас како министер не можам да комуницирам бројка на изолирани. Можам да кажам дека во основно образование процентот на ученици кои се со онлајн учење е 2 проценти од различни причини, медицински и немедицински, додека во средно образование, затоа што знаете дека четири општини одеа со онлајн учење во првата недела, сега и втората недела во Тетово и Гостивар останува со онлајн учење, токму затоа имаме околу 7 проценти ученици во средно образование, рече Царовска.

Таа потсети дека Струга и Кичево од минатата недела се вратија со физичко присуство, и тие се во континуитет со наставата.

Во однос на реакцијата на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ, кои бараат наставата да се одвива и на отворено, Царовска рече дека планот за спроведување на настава со физичко присуство е усвоен уште во овој месец, тој е доставен до училиштата и по истиот тој план се спроведува наставата денес.

Како што рече, протоколите и планот се поставени од страна на Комисијата за заразни болести, и заедно со нив се утврдени сите елементи кои во тој протокол и план за работа треба да бидат исполнети.

-Токму затоа укажувам дека Министерството за образование и наука ниту одлучува за тестови, ниту одлучува за протоколи заради тоа што сметам дека здравствените власти покажаа дека ја водат пандемијата и успешно се справуваат со истата, и токму затоа продолжуваме да ги следиме инструкциите кои што Комисијата за заразни болести ги дава, додаде министерката.

Таа уште еднаш напомена дека сите училишта имаат обврска да обезбедат онлајн учење за учениците кои имаат одобрение од училиштето и сите оние кои се во изолација и треба да следат онлајн настава, треба истото да им се овозможи. Доколку нема можност за такво нешто, тогаш се доставуваат материјали.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ