На самиот почеток на официјалната изборна кампања, ЦИВИЛ објави дека денеска (27 септември) започнува со редовен „Изборен рапорт“, три пати неделно или почесто, со почеток во 11 часот. Се работи за серија прес конференции за сите аспекти на мониторингот и другите активности на ЦИВИЛ поврзани со изборниот процес.
5 МИНУТИ, 11 ЧАСОТ, ВО ПОНЕДЕЛНИК, СРЕДА И ПЕТОК ИЛИ ПОЧЕСТО
Термините за „Изборен рапорт“ се понеделник, среда и петок, во 11 часот. Видео рапортот ќе трае 5 минути, но ако има прашања, ќе трае до исцрпување на сите прашања. Програмата во живо ќе оди од прес центарот на организацијата, но по потреба ќе има и вклучувања од терен.
ЦИВИЛ ќе се вклучува и со вонредни онлајн обраќања и во други термини, викенди и празници. „Изборен рапорт“ ќе се емитува и на албански јазик во посебен термин.
„Изборен рапорт“ ќе се емитува во живо, на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.
ВКЛУЧУВАЊЕ И МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19
Организацијата ќе овозможи онлајн вклучување на Зум, но и физичко присуство во Прес центарот на организацијата што се наоѓа на 3. кат во Бизнис центарот „Палома Бјанка“. Физичко присуство е дозволено за најмногу четворица, за што е потребна претходна најава од редакциите.
Пред самиот почеток на пресот, ќе биде дозволен пристап на фоторепортерите, по што тие може да заминат, за да им отстапат простор на камерманите.
На пресот е дозволено присуство само од вакцинирани лица, со заштитни маски. Редакциите се молат за разбирање за овие процедури. Тие се исклучиво наменети за заштита од КОВИД-19.
СЛОБОДНО ПРЕЗЕМАЊЕ НА ИЗВЕШТАИТЕ
Преземањето на видео преносот и сите текстуални содржини поврзани со изборите, објавени на civilmedia.mk (македонски), drejt.mk (албански) и civil.today (англиски) е дозволено целосно, според лиценцата Creative Commons 4.0 (линк до изворот).