ЦИВИЛ ќе одржи прес конференција „Изборен рапорт“ (2), денес во 11 часот, со најновите наоди од теренот во однос на предизборните активности на сите политички субјекти што учествуваат на локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври 2021.
Пред самиот почеток на пресот, ќе биде дозволен пристап на фоторепортерите, по што тие може да заминат, за да им отстапат простор на камерманите.
На пресот е дозволено присуство само од вакцинирани лица, со заштитни маски. Редакциите се молат за разбирање за овие процедури. Тие се исклучиво наменети за заштита од КОВИД-19.
Видео рапортот ќе трае 5 минути, но ако има прашања, ќе трае до исцрпување на сите прашања.
СЛОБОДНО ПРЕЗЕМАЊЕ НА ИЗВЕШТАИТЕ
Преземањето на видео преносот и сите текстуални содржини поврзани со изборите, објавени на civilmedia.mk (македонски), drejt.mk (албански) и civil.today (англиски) е дозволено целосно, според лиценцата Creative Commons 4.0 (линк до изворот).