Претседателот на СДА, Џељо Хоџиќ, на Меѓународниот ден на Бошњаците во изјава за ЦИВИЛ МЕДИА им го честита празникот на сите припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија.
„28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, ден кога во опколено Сараево, во 1993-та година, на Бошњачкиот Сабор, е одлучено да се врати историското име Бошњак, како и именувањето на јазикот како босански. Овој Сабор исто така ги одби сите понуди кои во тоа воено време беа за поделба на БиХ. 28-ми Септември е и празник кој регулиран со законот за празници во РСМ.
„По повод денешниот празник, во општина Чаир официјално се отвори спомен-обележје за жртвите од геноцидот во Сребреница. На овој чин присуствуваа и членот на Претседателството на БиХ, г-дин Шефик Џаферовиќ, градоначалникот на Нови Пазар, г-дин Нихат Бишевац, градоначалникот на Чаир, г-дин Висар Ганиу и јас, како Претседател на СДА Македонија. Со ова спомен обележје, на овој ден, им оддаваме должна и вечна почит на жртвите во Сребреница.“, информираше Хоџиќ.
„На сите наши сограѓани од бошњачката заедница им го честитам денот, со порака да бидеме уште по сплотени и посветени во негувањето и промоцијата на нашата богата култура, како нераскинлив дел од нашата земја.“, порача Хоџиќ.