• Latest

На митинзи со јазична грешка во слоганот, ветувања за најдобро за општините, пописот да се продолжи за десет дена

September 28, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

На митинзи со јазична грешка во слоганот, ветувања за најдобро за општините, пописот да се продолжи за десет дена

September 28, 2021 23:10
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На вториот ден од официјалната предизборна кампања за локалните избори, кандидатите за градоначалници во придружба од партиите на кои припаѓаат, продолжија да ги претставуваат своите програми во општините низ земјава.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА: ВМРО–ДПМНЕ СО МИТИНЗИ ВО ДЕБАРЦА, СТРУГА, ВЕВЧАНИ И РЕСЕН

ВМРО–ДПМНЕ денеска одржа митинзи во Дебарца, Струга, Вевчани и Ресен.

Кандидатот за градоначалник на Дебрца од ВМРО-ДПМНЕ, Саше Силјановски, на денешниот партиски митинг најави промени по изборите, посочувајќи дел од приоритетите што ќе ги реализира во својот мандат за Дебарца да стане пристојно место за живот и општина со перспектива.

„Новата иднина во Вевчани ќе донесе модерна општина со нови проекти, симбол на туризмот, општина во која ќе нема поделби“, истакна кандидатот на градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ Спасе Кочовски на денешниот митинг во Вевчани.

Изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ изобилува со ветувања и низ бројки, како и повици за предвремени парламентарни избори. Мицкоски на повеќе места низ земјата, па така и од говорницата во Вевчани вечерва, од говорницата вети точна бројка на проекти:

Македонија живее во голема апатија, народот е депримиран, ни треба нова иднина, гарантирам 14.835 проекти и многу конкретни дела!

НАЈДОБРОТО ЗА МОЈАТА ОПШТИНА: СДСМ ВО ЧАИР, ПЕТРОВЕЦ, КИСЕЛА ВОДА, БЕРОВО, КАРБИНЦИ

СДСМ попладнево одржа средба со жителите на Општина Чаир, а потоа со Караванот „Најдоброто за мојата општина“ се претставија пред жителите на Петровец.

„Чаир е мост на соживотот, општина во којашто се наоѓаат најстарите населби во Скопје, коишто денеска се мост меѓу сеќавањата за старо Скопје и модерното време, Чаир го заслужува Најдоброто и бидете уверени дека ќе го добие најдоброто.“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред граѓаните во Чаир.

Кандидатот за градоначалник на Берово од СДСМ и коалицијата Звонко Пекевски, на денешната прес конференција ги повика граѓаните да ја изберат најдобрата понуда која ќе донесе просперитетна општина, за разлика од, како што рече, општина без планови за развој.

Кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалиционите партнери за Општина Карбинци, Јордан Насев во своето обраќање истакна дека помеѓу градоначалникот и граѓаните не треба да има посредници или бариери.

Хамдија Елезовиќ, кандидатот за градоначалник на СДСМ за Тетово одржа прес-конференција на која ги претстави насоките на дејствување и понудата за проекти. Голем дел од заложбите се насочени кон подобра инфраструктура.

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ GO GREEN И КАНДИДАТОТ НА СДСМ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА КАРПОШ

Генералниот директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје и кандидат за градоначалник на Општина Карпош, Душко Весковски на социјалните мрежи објави дека тој и претседателката на „Гоу Грин“ Мила Јовановска потпишаа Меморандум за соработка.

Душко Весковски и Мила Јовановска
Водени од заедничкиот интерес за заштита на животната средина, младинскиот активизам и водењето политики кои промовираат одржливо користење на природните ресурси, потписниците на овој Меморандум ќе се залагаат за реализација на проекти за доброто на заедницата, врз основа на принципите за транспарентност и отчетост – пишува во објавата на кандидатот за градоначалник на Карпош од редовите на СДСМ.

ГРАД СКОПЈЕ

Актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат на локалните избори, Петре Шилегов вечерва одржа трибина во општина Кисела Вода.

„Скопје денес е многу подобро од пред четири години. Вложивме многу љубов во секое маало, во секое катче од нашиот град“, рече Шилегов.

На централниот митинг во Скопје, Шилегов ѝ се обрати на својата противкандидатка, Данела Арсовска, која во јавноста се претставува како независна, но не е тајна дека е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ:

„Вие не сте независна, со секоја реклама веќе и должите на најкорумпираната партија во Европа.“ – рече Шилегов.

ДУИ ОДРЖА КОНВЕНЦИЈА ВО ДЕБАР

Огранокот на ДУИ во Дебар вечерва одржа Конвенција на која беа претставени кандидатот за градоначалник, Хекуран Дука и кандидатската листа за членови на Советот на општината.

СООПШТЕНИЕ ЗА ПОПИСОТ ОД АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ 

Алијансата за Албанците бара Собранието итно да повика седница и да предвиди 10 додатни денови за пописот.

„Веќе се доближува крајот на пописот, а на наша адреса се пристигнати многу жалби од страна на граѓаните кои што се жалат дека во нивните домови не е пристигнат ниту еден од попишувачите за да ги попише. Неважни се видеата со кои се рекламираат лидерите на политичките партии како се попишуваат, кога во овој процес останаа непопишани обични граѓани.

Заводот за статистика треба да работи 24 часа на ден, без прекин, ако тоа е потребно, со цел да не остане ниту еден граѓанин непопишан, а не да не им се дозволува на попишувачите да попишуваат  по 5-6 домаќинства на ден со образложение дека не работи серверот- оваа информација доаѓа од попишувачите.  Собранието под итно да повика седница и да предвиди 10 додатни денови за пописот, што и беше предлог од парламентарната група на Алијанса и Алтернатива од јануари кога и се доведе законот за пописот.“, се наведува во соопштение од Алијансата за Албанците.

ЈАЗИКОТ НА КАМПАЊИТЕ: ВМРО-ДПМНЕ СО ГРУБА ЈАЗИЧНА ГРЕШКА ВО ОФИЦИЈАЛНИОТ СЛОГАН ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори оди со слоганот „Создади нова иднина“, промашување уште од старт забележува лекторката Гордана Ацеска во својот коментар на социјалните мрежи. Таа нагласува дека заповеден начин од глаголот создаде е создај/создајте и наведе други примери како: додај/додајте, предај/предајте.

„Промашување уште од старт. Од глаголот. Заповеден начин од глаголот создаде е создај/создајте (додај/додајте, предај/предајте).

ИЗБОРЕН РАПОРТ НА ЦИВИЛ

Во  денешното издание на „Изборен рапорт“ на ЦИВИЛ ќе видите, слушнете и прочитате став за најавите за можни предвремени парламентарни избори, политичка злоупотреба на деца во изборната кампања, прв ден од кампањата: Вообичаени настани, но и црна кампања.

Следното издание на „Изборен рапорт“ ќе биде емитувано во живо веќе утре, 29 септември 2021, во 11:15 часот на Фејсбук страницата и Јутуб каналот на ЦИВИЛ.

Д. Тахири 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ