ЦИВИЛ ќе го емитува петтото издание на „Изборен рапорт“ денеска (петок, 1 октомври) малку порано од најавеното, во 10:30 часот. „Изборен рапорт“ со најновите информации од изборниот мониторинг се емитува во живо, на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.
Поради зголемен обем на работата на прес центарот, утре нема можности за физичко присуство. Медиумите ќе имаат десетина минути за прашања на онлајн платформата Зум.
Преземањето на видео преносот и сите текстуални содржини поврзани со изборите, објавени на civilmedia.mk (македонски), drejt.mk (албански) и civil.today (англиски) е дозволено целосно, според лиценцата Creative Commons 4.0 (линк до изворот).