• Latest

Деветти ден од изборната кампања: Продолжуваат партиските активности, ветувања и препукувања

October 5, 2021

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Деветти ден од изборната кампања: Продолжуваат партиските активности, ветувања и препукувања

October 5, 2021 17:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатите за Град Скопје ветуваат ин-витро за млади брачни парови, нови спортски инклузивни игралиштa за децата со попреченост, гратис маичка доколку се донира по 300 денари за кампањата на ЗХГ. И денеска трагедијата во која загинаа 14 лица во модуларната болница во Тетово беше искористена за собирање политички поени.

ГРАД СКОПЈЕ, ВМРО-ДПМНЕ, ПОЖАРНИКАРИ…

Актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат за претстојните локални избори, Петре Шилегов денеска во Градскиот парк заедно со сите кандидати од скопските општини на коалицијата на СДСМ, презентираше пакет мерки наменети за идните родители, децата во градинките, учениците од основните и средните училишта и студентите од Скопје. Градоначалникот Шилегов со скопските кандидати вети субвенции за децата во градинка, прехрана во училиште и ин витро за млади брачни парови.

Независната кандидатка за Град Скопје, подржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска вели дека Скопје ќе биде повторно градот на солидарноста! Скопје ќе биде пример за град каде што се промовира социјална правда.

Ќе се воведат пристапни рампи и лифтови во сите објекти и автобуси, ќе се подобри сообраќајната инфраструктура со воведување семафори за сигнализација и ќе се изградат тактилни патеки за лицата со попреченост. Нови спортски инклузивни игралиштa ќе бидат изградени за децата со попреченост. Волонтери секоја недела ќе доставуваат намирници од основни производи до домовите на старите и изнемоштени лица. Ќе се отворат центри за жртви од семејно и родово базирано насилство и насилство базирано врз основ на сексуална ориентација.

Арсовска се пожали дека денеска и беше забрането да влезе во просториите на Територијалната противпожарна единица – Автокоманда каде требаше да имам средба со Синдикатот на пожарникарите на Скопје.

„Иако имавме однапред договорено средба на влезот на зградата ни беше кажано дека со усна наредба е забранет влез за мене и мојот тим во просториите. Јавно прашувам како може некој да биде над законот и да забранува влез на претходно договорен состанок? Ова е класично злоупотребување на функцијата на командирот што е поставен од Петре Шилегов? Од што се плаши Шилегов, јавно нека каже?“, прашува Арсовска.

Град Скопје реагира на намерата одредени кандидати да ја злоупотребуваат противпожарната бригада за изборни цели.

„На партиските кампањи никогаш не им било местото во просториите на Хероите на Градот и тоа не смее да се промени за овие локални избори. Просториите на ПП бригадата во Автокоманда се стратешки безбедносен објект за Градот Скопје и мора да биде функционален и во припремна состојба во секое време. Според тоа, тоа не е место за никакви партиски собири или состаноци со кандидати со некои пожарникари. Апелираме Пожарникарите да бидат изоставени од партиските препукувања и да бидат оставени на мира да си ги извршуваат секојдневните обврски. Синдикалните организации имаат право да се среќаваат со кого сакаат, се додека за тоа не ги користат просториите на противпожарната бригада на Град Скопје“, стои во реакцијата.

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

Зелен хуман град ќе дава маички со секоја донација од 300 денари на трансакциската сметка на ЗХГ.

„Биди кул и поддржувај нè! Маичките се унисекс во големина S, M, L или XL“, велат од ЗХГ.

СДСМ

Од СДСМ велат дека се партнер на младите и на централно и на локално ниво, се отвораат младински центри и младински локални совети во сите општини.

„Во Скопје го воведуваме проектот Смарт сити, Скопје без шалтери. Со Смарт сити, Скопје сите услуги ќе ги дава онлајн и со тоа станува првиот целосно дигитализиран град во регионот. Со Смарт сити, граѓаните, младите, директно и сами одлучуваат за тоа каде и како се вложуваат нивните пари. Преку апликацијата „Мое Скопје“ на својот мобилен телефон, младите ќе можат да гласаат за предлози, да дефинираат приоритети и со тоа самите да ги креираат политиките во градот“, велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, истакна дека СДСМ и ДУИ преку обвинителството во Тетово си нарачуваат извештај каков што им одговара со цел да скријат одговорност за починатите 14 лица во модуларната болница во Тетово.

Тој нагласи дека од одговорност не може да избегаат и одговорност ќе се случи после овие локални избори после кои ќе има и ново парламентарно мнозинство, затоа што 14 човечки животи кои беа загубени не можат да завршат со некаков кабел кој не бил исправен.

ДУИ

Градоначалникот на Чаир и кандидат на ДУИ, Висар Ганиу денеска во Старата чаршија се сретна со еснафите, пред кои даде отчетност што направила општината во негова насока за чаршијата во изминатите четири години.

„Во текот на овие 4 години организиравме 137 витрини на чаршиски продавници. Овој проект го започна Општина Чаир во рамките на своите проекти за ревитализација на чаршијата, како од економски, така и од естетски аспект. Сите овие витрини се направени од дрво, во тој случај се обидуваме да ги отстраниме сите витрини од пластика или алуминиум со цел да го вратиме автентичниот изглед и еколошкиот концепт на овие витрини “, рече Ганиу пред народот. Ганиу информираше дека во следниот мандат, предвидува уште 450 витрини каде ќе се постигне целосна обнова на Чаршијата.

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

Од Алијанса за Албанците велат дека актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, заедно со други функционери на неговата партија ДУИ на стружани им ветија неколку пати дека ќе го поправат овој објект, дека ќе изградат нова болница во Струга, дека ќе ја распоредат болничката установа од срцето на градот, но, се е оставено на место.

„Болницата е таму, во таква бедна и катастрофална состојба, предизвикувајќи хаос во секоја сфера од животот во нашиот град. Додека Рамиз Мерко и неговите пријатели се фалеа дека наскоро ќе започне изградбата на новата Болница во Струга, дали знаете што се случи? Дрвјата беа исечени и уништен единствениот парк во болницата и таму беа изградени модуларни објекти, ковид центри од пластика, кои видовме како завршија во Тетово во текот на минатиот месец. 14 луѓе беа изгорени живи, се уште никој не одговорил, додека најлошото, нема гаранција дека истото не може да се случи и во други модуларни центри, како овој во Струга“, велат од Алијанса.

СРЕДБИ СО ГРАЃАН(К)ИТЕ

Денеска СДСМ е во Аеродром, Гази Баба, Петровец и Илинден. На сите собири учествуваат лидерот на СДСМ или високи партиски функционери.

ВМРО-ДПМНЕ денеска е во Бутел, Чаир и Центар. На сите собири, исто така, учествува партискиот врв.

ДОМ и ЛДП организира онлајн трибина на тема „Во какво Скопје сакате да живеете?“

Зелен хуман град е на среба со граѓан(к)ите на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје.

СЕЛЕКЦИЈА НА ИЗБОРНИТЕ НАБЉУДУВАЧИ НА ЦИВИЛ

Откако заврши процесот на аплицирање, во тек е селекција на краткорочните набљудувачи на ЦИВИЛ, кои ќе го набљудуваат гласањето за локалните избори на 17 октомври.

Сите кандидати ќе бидат известени дали нивните апликации се прифатени или не најдоцна до утре, 6 октомври.

Веднаш потоа ќе следат информации за тоа како и каде ќе се одржат обуките.

ИЗБОРЕН РАПОРТ НА ЦИВИЛ

Деветтото издание на Изборниот рапорт на ЦИВИЛ денеска носи наслов „Фејсбук, КОВИД-19, злоупотреби, фингерпринт и селекција на набљудувачите“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ