• Latest

Ширењето на коронавирусот во Словенија најбрзо во Европа, секој трет тест е позитивен

October 19, 2021

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Ширењето на коронавирусот во Словенија најбрзо во Европа, секој трет тест е позитивен

October 19, 2021 16:15
in ВЕСТИ, КОВИД-19, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Словенија во последните 24 часа потврдени се 1.669 новозаразени со коронавирусот, со рекордни 31,9 проценти позитивни тестови, а според стручните лица толкав број позитивни тестови е исклучително загрижувачки.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша вчера во Парламентот рече дека ако продолжат негативните трендови, општеството и економските активности ќе треба да се затворат.

Причината за повторното ширење на инфекцијата ја гледа во прениската стапка на вакцинација, но и недозволивите јавни собири и протести и предупреди дека ширењето на епидемијата во Словенија во последните неколку дена е најбрзо во Европа.

Инфектологот Матеја Логар, која ја предводи владината експертска група за борба против Ковид-19, изрази надеж дека нема да бидат потребни нови ограничувања бидејќи трендот може да се забави, со оглед на тоа што образовните институции ќе бидат затворени цела наредна недела поради првите училишни распусти оваа учебна година. За оние кои ќе ги посетат гробиштата на 1 ноември за Денот на мртвите, таа препорача воздржаност, односно да го сторат тоа во семејниот круг и без поголеми собири и дружења.

Според неа, би било добро евентуалните ограничувања да се поврзат со бројот на пациенти со коронавирус во ковид-одделенијата, односно кога нивниот број во земјата ќе надмине 150, што е за 30 пациенти повеќе од моменталната состојба.

Според податоците на Министерството за здравство, во моментов во болниците има 418 пациенти, од кои на 120 им е потребен интензивна нега, а само девет проценти од оние на интензивна нега се вакцинирани, рече Матеја Логар.

Министерството за здравство во Љубљана денска објави дека 1.669 заразени лица биле откриени за24 часа со 5.230 тестови, што значи дека речиси една третина од тестираните биле позитивни. Досега, најмногу позитивни наоди беа регистрирани на 28 декември минатата година, во екот на вториот бран на епидемијата, кога 30 проценти од тестовите беа позитивни.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ