• Latest

За зелениот фонд против аерозагадување и климатски промени земјава бара средства од ОН

October 20, 2021

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

За зелениот фонд против аерозагадување и климатски промени земјава бара средства од ОН

October 20, 2021 10:41
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Зелениот фонд за борба против аерозагадување и климатските промени ќе се операционализира преку средства што земјава ќе ги добие од глобалниот Заеднички фонд за Целите за одржлив развој при Обединетите нации. Владата на денешната седница ја усвои информацијата за доставување на предлог-проектот до ОН и го задолжи вицепремиерот Фатмир Битиќи да достави до Канцеларијата на Постојниот координатор на ОН во земјава Писмо на намери за кофинансирање на овој предлог проект.

Инаку, зелениот фонд e со планирана вредност од 36,3 милиони американски долари и од него е планирано да се инвестира во транзиција кон почиста енергија, енергетска ефикасност и зелен транспорт.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на почетокот од месецов го промовираше Зелениот финансиски фонд, споменувајќи дека со него треба значително да се подобри пристапот до достапно зелено финансирање за мали и средни претпријатија и целни групи на поединци/домаќинства за инвестиции за користење и употреба на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност како и поттикнување иновации во истите, со што ќе се придонесе до намалување на емисиите на стакленички гасови и загадувањето на воздухот.

Всушност, преку ОН треба да се обезбедат дел од финансиите за овој проект, кој во глобална конкуренција од 155 предлози, веќе успеа да влезе меѓу најдобрите 12 предлози на меѓународно ниво, при што од овој заеднички фонд на ОН ќе се обезбедат средства за најдобрите четири проекти.

Инаку, македонската влада веќе ја усвои првата Долгорочна стратегија за климатска акција на земјава, со која се дефинира придонесот на државата кон глобалните напори за намалување на емисиите на стакленички гасови. Долгорочната цел на Северна Македонија е намалување на националните нето емисии на стакленички гасови, без вклучени емисии од авијација и увоз на електрична енергија, за 72 отсто до 2050 година во споредба со нивото од 1990 година, објавува Мета.мк.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ