• Latest

ЗНМ: Претставки до ДИК и МВР за попречување на работата на новинарката Ферикан Арифи

October 20, 2021
Фото: Скриншот од видео на
TRT World

САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

August 14, 2025

24 ЧАСА: За платено политичко рекламирање пријавени 333 медиуми; Се активира механизмот за претставки за изборни активности онлајн; Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски; Ескалација на протестите во Србија

August 14, 2025

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година

August 14, 2025

MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

August 14, 2025

Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори

August 14, 2025
Фото: Володимир Зеленски / Х

Украина врати дома 84 Украинци од руско заробеништво во најновата размена на затвореници – некои заробени од 2014 година

August 14, 2025
Фото: Карл Билд/Х

Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

August 14, 2025

Пуштена во употреба клучката Подмоље, што го спојува Охрид и Струга, Македонија и Албанија

August 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Во функција механизмот за жалби поврзани со изборните активности во онлајн просторот

August 14, 2025
Фотоколаж од снимки од Фејсбук

БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

August 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЗНМ: Претставки до ДИК и МВР за попречување на работата на новинарката Ферикан Арифи

October 20, 2021 16:57
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска поднесе две претставки за попречување на работата на новинарката Ферикан Илјази Арифи од Еуроњуз до Државната изборна комисија (ДИК) како и до Одделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи (МВР). Претставките се однесуваат за непрофесионален однос на претставници на изборната комисија бр.1974 и на полициски службеник кон колешката Арифи на изборниот ден додека таа била службено да известува за новинарскиот процес.

Иако новинарката уредно се претставила и носела ознака за новинар на видливо место, претседателката на изборниот одбор Исније Мирта во гласачкото место во Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово не и дозволила да снима а притоа со останатите колеги од одборот пред гласачи ја омаловажувала новинарката велејќи и „ не го знаеш законот и треба да ти е срам што го попречуваш изборниот процес“, се наведува во соопштението на ЗНМ.

Друг инцидент се случил во текот на денот повторно во Тетово во двор на средното училиште каде службено лице од МВР, за кое е веќе поднесена и пријава до СВР Тетово и Одделот за професионални стандарди, наместо да ја овозможи новинарката слободно да работи ја попречувал нејзината работа.

Во моментот кога новинарката го почнувала видео преносот во живо во училишниот двор, полицискиот службеник со груб тон инсистирал новинарката веднаш да му приложи лична карта за да докаже дека таа е новинарката која што е наведена на беџот, или во спротивно, нема да и биде дозволено да снима. Новинарката иако му укажала на полицаецот дека не се противи на неговото барање за легитимирање и го замолила да и’ дозволи да го заврши она што го започнала, по што ќе се легитимира тоа не и било дозволено. Полицискиот службеник на груб начин и укажал да го напушти училишниот двор, со што ја спречил во нејзината работа како новинар да известува од терен.

ЗНМ со внимателност ќе ги следи претставките за овој случај до надлежните институции како и за сите останати кои пристигнаа до Канцеларијата на ЗНМ а се поврзани со попречување на работата на новинарите од изборниот процес за локалните избори за 2021 година.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ