• Latest

ЗНМ со осуда за обидите за дискредитација кон новинарката Џумадије Ибраими

October 21, 2021
Фото: Скриншот од видео на
TRT World

САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

August 14, 2025

24 ЧАСА: За платено политичко рекламирање пријавени 333 медиуми; Се активира механизмот за претставки за изборни активности онлајн; Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски; Ескалација на протестите во Србија

August 14, 2025

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година

August 14, 2025

MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

August 14, 2025

Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори

August 14, 2025
Фото: Володимир Зеленски / Х

Украина врати дома 84 Украинци од руско заробеништво во најновата размена на затвореници – некои заробени од 2014 година

August 14, 2025
Фото: Карл Билд/Х

Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

August 14, 2025

Пуштена во употреба клучката Подмоље, што го спојува Охрид и Струга, Македонија и Албанија

August 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Во функција механизмот за жалби поврзани со изборните активности во онлајн просторот

August 14, 2025
Фотоколаж од снимки од Фејсбук

БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

August 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЗНМ со осуда за обидите за дискредитација кон новинарката Џумадије Ибраими

October 21, 2021 16:36
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осудува тешките дискредитации кои беа проследени од ТВ Клан до ЗНМ а се однесуваат на новинарката Џумадије Ибраими, која во текот на изборниот период се соочи со обвинувања од кандидатот на Алијанса за Албанците за градоначалник во Тетово, Вулнет Мурсели.

Непосредно по завршување на телевизиска дебата, Мурсели во улога на гостин, а во присуство на неколку новинари и други лица ја клеветел колешката Џумадије Ибраими дека е наводно уценуван со 10.000 евра за таа да избрише извесна објава на Фејсбук. Според новинарката, мотивот за ширење на овие лаги се нејзините претходни објави за приватна лабораторија, каде всушност тој побарал од новинарката да ги избрише своите јавни објави. Настанот и тешките обвинувања се случиле уште на почетокот на изборната кампања за локалните избори 2021,  но поради фактот дека Вулнет Мурсели е директен учесник во овие избори, редакцијата на ТВ Клан Македонија и самата новинарка Џумадије Ибраими не реагирале во тој момент за тоа да не биде погрешно толкувано од страна на политичките партии.

ЗНМ смета дека ваквите обвинувања без никакви докази служат да наштетат на угледот на новинарката Џумадије Ибраими и се обид да се дискредитира работата на новинарките кои во текот на изборната кампања беа вклучени директно за информирање на јавноста.

Освен овој инцидент, новинарот од истата телевизија Фуркан Салиу достави поплака до ЗНМ во која укажува дека на вчерашната конференција за медиуми, по претходно поставено прашање, Министерот за надворешни работи Бујар Османи му се обратил со висок и заканувачки тон. Според Салиу начинот на кој е пренесена пораката, што се случила по завршување на настанот имало за цел да го заплаши со цел да не поставува прашања на идни јавни настани.

Овие настани се кулминација на пријавите до ЗНМ од страна на новинарки и новинари кои биле попречувани во својата работа или добиле закани или навреди. Изминатава недела ЗНМ реагираше и на вербалните напади кон новинарката на ТВ 21 Салије Садику и новинарката на Еуроњуз Албанија Ферикан Арифи.

ЗНМ ги упатува засегнатите политичари да имаат поголема култура во јавната комуникација и односот со медиумските работници бидејќи новинарите служат да ја информираат јавноста а не да задоволат нечии партиски очекувања. За сите овие инциденти ЗНМ детално ќе ги информира претставниците на меѓународната заедница со барање одблиску да ја следат состојбата со правата на новинарите.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ