• Latest

ДИК ги поништи измените, Регионот ориентиран кон иднината, претерана регулација на хартија, грешки во пракса, административни акробации

October 27, 2021

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДИК ги поништи измените, Регионот ориентиран кон иднината, претерана регулација на хартија, грешки во пракса, административни акробации

October 27, 2021 18:08
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ДИК ги поништи измените во упатството за гласачките ливчиња – важечки ќе бидат само со печат.

Државната изборна комисија на денешната 35-та седница ја поништи предложената измена на упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња во пресрет на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 31 октомври. Предложената измената, која сега е поништена, предвидуваше за важечки да се сметаат и гласачките ливчиња без печат, во ситуации кога е направен пропуст од страна на Избирачкиот одбор. Во оваа ситуација за важечки ќе се сметаат само ливчињата со задолжителен печат.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Никола Димитров: –Регионот треба да делува на начин што ќе испрати порака дека со членството во ЕУ ќе испорача повеќе решенија отколку проблеми, ориентираност кон иднината наместо кон минатото. Поврзувањето на земјите од регионот и заемната поддршка за остварување на целите и интересите носат директни бенефити за граѓаните, но се и важен стратешки чекор во исполнување на заедничката определба за европска иднина.

МОНИТОРИНГ

ИЗБОРЕН РАПОРТ #27: Претерана регулација на хартија, грешки во пракса, административни акробации и детали за попречувањето на работата на набљудувачите.

Во ова издание на Изборен рапорт, ја известуваме јавноста за најновите административни акробации во изборната регулатива, за претераното регулирање на детали во процедурите, а нивно неспроведување во праксата, како и детали за попречувањето на работата на набљудувачите на ЦИВИЛ на денот на гласањето на 17 октомври.

ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ЗЕЛЕНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ“

На „зелената“ конференција под наслов „Зелено општество за сите“ во организација на ЦИВИЛ ќе се говори за зелените вредности, антинационализмот, социјалната правда, медиумите и дезинформациите. Се работи за годишна конференција за зелените вредности што се одржува веќе пет години по ред на крајот на октомври. Овогодишното издание на конференцијата ќе се одржи во четврток, 28 октомври, со почеток во 12 часот, хотел „Парк Резиденс“ (зад фудбалскиот стадион), сала „Њујорк“.

Како и секоја година, на „зелените“ конференции на ЦИВИЛ говорат претставнички и претставници од граѓанското општество, институциите, владата, политичките партии и иницијативи од земјава, како и од регионот. Како и минатата, ковид-година, и оваа конференција на ЦИВИЛ се одржува во вонредни услови – меѓу два изборни круга на локалните избори што се одржуваат во земјата.

ФЛЕШ ВЕСТИ

МВР Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР ги изврши потребните проверки по наводите изнесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за планирано физичко малтретирање од страна на полициски службеници вработени во ОВР Прилеп, при што констатира дека во ПС Прилеп, Помошниот оперативен штаб и Републичкиот оперативен штаб локални избори 2021 нема регистрирано пријава од граѓанин или правен субјект дека во предизборниот период, денот на гласањето или во постизборниот период од страна на полициски службеници при преземање на службени дејства е постапувано незаконски или непрофесионално или на кој било начин е малтретиранo лице при вршење на служба, како што беше изнесено на прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗБОРИ Сите учесници на Локалните избори 2021 се должни еден ден по завршување на изборната кампања, односно еден ден пред одржување на вториот круг на гласање – 30 октомври годинава, да изготват и до Државниот завод за ревизија, Државната изборна комисија и Државната комисија за спречување на корупцијата да достават Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за финансирање на изборната кампања, укажува Државниот завод за ревизија (ДЗР).

За таа цел, како што велат, ДЗР на 30 октомври ќе обезбеди редовно работење на Архивата за прием на извештаите заклучно со 24:00 часот, а истовремено ќе овозможи и електронски прием на службената адреса на ДЗР: dzr@dzr.gov.mk.

КОВИД ПРОТОКОЛИ Данска и Италија со нови Ковид протоколи за македонските државјани. Со најновата одлука на данските власти во оваа земја ќе можат да се влезе со валиден ЕУ дигитален сертификат кој вклучува потврда за вакцинација (вакцини одобрени од ЕМА)/потврда за закрепнување (не постара од 12 месеци) или негативен ПЦР тест.

Во Италија, пак, македонските граѓани не ќе можат да патуваат туристички. Влез ќе биде дозволен само за работни потреби, итни или здравствени потреби, студирање…

КОНГРЕС  Во Северна Македонија постои јасно видлива политичка определба за спроведување на децентрализацијата, но потребно е дополнително разјаснување на законодавството и понатамошно унапредување на реформите во сферата на локалната самоуправа, се наведува во Препораката за земјава што денеска едногласно ја усвои Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа..

ФОРУМ Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на маргините на првиот ден од Белградскиот безбедносен форум, вчера, одржа средба со генералната секретарка на Советот за регионална соработка – РСС, Мајлинда Брегу на која главениот фокус беше унапредување на регионалната соработка како механизам за европеизација на регионот и придвижување во процесот на европска интеграција.

ПРАВДА Можностите за унапредување на соработката во сите области, а особено во борбата против организираниот и прекуграничниот криминал беа во фокусот на денешната средба на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески со Иван Гешев, Главен јавен обвинител на Република Бугарија.

Работната посета на бугарскиот главен обвинител во Скопје се остварува на покана на Јовески. Во делегацијата која ја предводи Гешев е и Сијка Милева, јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Бугарија.

КОНФЕРЕНЦИЈА Ефективните политики за враќање, реадмисија и реинтеграција на мигрантите, со целосно почитување на меѓународното право и стандарди, се централни аспекти на доброто управување со миграциите и главна тема за дискусија на Регионалната конференција за реадмисија и борбата против нерегуларната миграција во Западен Балкан што од денеска се одржува во Охрид.

ИНТЕРВЈУ 

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио – интервју на Зоран Иванов со Имер Селмани

СЛОБОДНА ЗОНА

Целата оваа драма околу евентуалното менување на мнозинството на едната или на другата страна во распоредот на седењата во клупите на опозицијата и на власта во Собранието е, на директен начин, девалвирање на принципите на доброто владеење и злоупотреба на изборната доверба на гласачите за најприземни партиски пазарења и кандидатски надигрувања. Десетина дена наназад, секој ден, од утро до вечер, кој како од партиските лидерства ќе излезе пред некои камери, се лицитира со „најново“ мнозинство во Парламентот, како политичката арена да е сточен пазар, а гласачите мулиња на препродажба., читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Внимание: ајкули во Вардар!”

 

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ