• Latest
Џабир Дерала

Изборен рапорт #29, во 10 часот: Кршење на изборниот молк, притисоци врз набљудувачите на ЦИВИЛ, фингерпринт апаратите не работат

October 31, 2021
Кијив, 29 ноември 2026 (извор: ДСНС)

Студот – руско оружје на теророт: Над 1.960 дронови за една недела, жртви и разурнати домови во Украина

November 29, 2026

„Храброст“

November 29, 2026

АФЕРА АЛТА БАНКА | ПЛАНОТ НА БРАЌАТА МАЦУРА: Брза пенетрација во македонското економско ткиво

November 29, 2026

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Изборен рапорт #29, во 10 часот: Кршење на изборниот молк, притисоци врз набљудувачите на ЦИВИЛ, фингерпринт апаратите не работат

October 31, 2021 11:48
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ ја одржа првата прес конференција на изборниот ден во 10 часот, на која беа презентирани  извештаите од мониторингот на терен.

Притисоци врз набљудувачи на ЦИВИЛ

Набљудувач на ЦИВИЛ во општина во источниот дел од земјава утринава беше следен и фотографиран повеќе пати. Случајот е пријавен во полиција, која веднаш интервенираше.

Куманово, ИМ 1070 – опструкција на набљудувачите. Запишан ЕМБГ во дневник кај ИО.

Притисоци и закани

Куманово, ОУ „11 Октомври“, ИМ 1026/1 – членот на ИО, В. Т., додека гласачот бил на ФП апаратот, именуваната извадила телефон за да го слика гласачот. После тоа, му рекла: знаеш дека треба да заокружиш конкретно бројче.

Нарушување на тајноста на гласањето

Куманово, ОУ „11 Октомври“, ИМ 1001 – гласачките паравани се наместени на тој начин што од прозорецот може да се види кој што заокружува зад параванот.

Фингерпринт апаратите не работат

Ново Село, ИМ 1789 – една граѓанка ја нема во избирачкиот список и не се појавува во апаратот за препознавање, истата е испратена во ОИК Ново Село за да го оствари правото доколку ѝ дозволат. Проблем имала и претходниот пат.

Повреда на КОВИД протоколи

Тетово, ОУ „Братство Миѓени“, ИМ 1952 – забележан случај на непочитување ковид-мерки. Лозово, ОУ – с. Лозово, ИМ 1706 – Претседателката на ИО не носи заштитна маска.

Семејно гласање

Тетово, ОУ „Братство Миѓени“, ИМ 1952 – забележан случај на семејно / групно гласање. Лозово, ОУ – с. Лозово, ИМ 1706,  Злоупотреба на гласање со помош – лицето што помага, сугерира за кого да заокружи гласачот.

Проблеми со фингерпринт апаратите

Еден од долгорочните набљудувачи на ЦИВИЛ направи статистика од едно избирачко место во Кисела Вода. Од 70 гласачи во ИМ 2668, ООУ „Партение Зографски“,  Кисела Вода,, само 19 немале проблем со идентификација на фингерпринт апаратите.

Радовиш, ИМ 1582, фингерпринт апаратот не може да ги отчитува отпечатоците од прст, со искуство од претходно гласање, било исклучено светлото во просторијата така што останала само надворешната светлина. Потоа, немало ниту еден проблем со фингерпринтерот, на сите гласачи им ги отчитувал прстите.

Нефункционални биле и фингерпринт апаратите во Тетово, ОУ „Братство Миѓени“, ИМ 1952, Карпош, ООУ„Јан Амос Коменски“, ИМ 2605, Кисела Вода, ОУ „Невена Георгиева Дуња“, ИМ 2745 и други.

Непристапност, повреда на гласачко право на лица со посебни потреби

Кисела Вода, Дом на МЗ К. Вода, ИМ 2763 – не е поставен третиот гласачки параван за лица со физичка попреченост.

Нерегуларности нотирани во текот на саботниот ден, до 7 часот наутро в недела

Кршење на изборниот молк

Мониторинг тимовите на ЦИВИЛ го набљудуваа изборниот молк кој настапи на полноќ меѓу петок и сабота, 29 и 30 октомври. Бројот на случаи на кршење на изборниот молк е далеку поголем. ЦИВИЛ Тимот за аналитика е затрупан со пријави за кршење на изборниот молк во текот на вчерашниот ден. Од обработените извештаи од теренот издвојуваме неколку случаи.

Охрид, интернет портал

Ноќта во петок кон сабота, на 30 октомври 2021, во првата минута по почеток на изборниот молк, еден интернет портал го прекрши изборниот молк, спротивно на Изборниот законик, известувајќи во живо на социјалните мрежи и на веб страницата за наводни активности за предизборен поткуп во Охрид. Во јавувањето во живо, две лица што објавуваат содржини за неколку традиционални и онлајн медиуми, посочија припадници на една политичка партија како организатори на наводен поткуп. Иако партијата не беше директно именувана, двете лица зборуваа за нејзините партиски бои и направија опис со јасен опис со што го открија идентитетот на посочената политичка партија. Тоа претставува прекршување на правилата за медиумско известување за време на предизборниот молк и кршење на Член 76-Б од Изборниот законик.

Кршење на изборниот молк се бележи и од неколку други интернет медиуми кои објавуваат имиња на политички партии или кандидати, односно фото и видео содржини во кои е очигледно за која партија или кандидат се работи. Тоа е спротивно на Член 76-Б од Изборниот законик.

Капиштец, Скопје

Околу 1 час по полноќ, мониторинг тимовите на ЦИВИЛ утврдија кршење на изборниот молк на повеќе места низ скопската населба Капиштец. На вратите во голем број станови во станбените блокови низ населбата беа закачени флаери со пропагандна содржина во изборен контекст. Мониторингот на ЦИВИЛ поседува фотографии и сведоштва од граѓанки и граѓани кои потврдуваат дека се работи за кршење на изборниот молк, еден час по стапувањето во сила.

Социјални мрежи

Одредени политички партии го кршат изборниот молк и на тој начин што дел од Фејсбук страниците и профилите кои се под нивна контрола вршат пропаганда. Иако се работи за социјални мрежи кои не подлежат под строгите законски одредби и се работи за Фејсбук страници кои не се официјално под нивна надлежност, јасно е дека се работи за пропаганда во изборен молк.

Се бележи голем број случаи на ФБ, Твитер и Инстаграм каде што партиски функционери во текот на целиот ден, ноќта и денеска на денот на гласањето споделуваат пропагандни содржини.

Говор на омразата

За време на изборниот молк, на социјалните мрежи се бележат случаи на говор на омразата насочен кон одредени политички ентитети. Анализата на ЦИВИЛ покажува дека се работи за поддржувачи и членови на одредени политички партии кои организирано објавуваат пораки и коментари со говор на омразата против политичките неистомисленици. Дел од пораките на социјалните мрежи содржат и повици на насилство.

Повреда на тајноста на гласањето

Набљудувачите на ЦИВИЛ јавуваат за еден случај на повреда на тајноста на гласањето во општина во источниот дел од земјата.

На гласачот, лице пријавено за гласање в сабота, 30 октомври, му било дадено гласачкото ливче, но не му е дозволено да гласа тајно, под образложение дека „можеби ќе го фотографира ливчето“. Му било дозволено да гласа на влезот од домот на начин што членот на избирачкиот одбор имал целосен увид на тоа како гласал граѓанинот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ