• Latest

Конференцијата на ОН за климатски промени COP26 во Глазгов почна со итен повик за акција

November 1, 2021

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Конференцијата на ОН за климатски промени COP26 во Глазгов почна со итен повик за акција

November 1, 2021 09:21
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во  услови на драстични предупредувања од научната заедница за ескалација на климатската криза, Конференцијата на ОН за климатски промени (COP26) почна вчера во шкотскиот град Глазгов.

На покана на Обединетите нации, владини претставници од околу 200 земји во текот на две недели ќе разговараат за начините на кои човештвото сè уште може да го задржи забрзаното глобално затоплување на некое толерантно ниво, јави ДПА.

Се очекува да присуствуваат околу 25.000 луѓе, вклучително и илјадници новинари и активисти за заштита на климата.

Официјалната церемонија на отворање, која беше одложена за околу еден час, започна со едноминутно молчење во чест на жртвите од пандемијата на коронавирус.

Почетокот го означија претседавачот на конференцијата и британски државен секретар Алок Шарма и поранешната мексиканска министерка за надворешни работи Патриша Еспиноза.

Претседателот на COP26, Алок Шарма, во воведниот говор, ја подвлече важноста на конференцијата за исполнување на целите поставени со Парискиот договор од 2015 година, вклучително и ограничување на глобалното затоплување на максимум 1,5 степени Целзиусови над нивото од прединдустријализацијата.

– Овој COP е нашата последна најдобра надеж да го задржиме 1,5 на дофат. Оваа меѓународна конференција мора да испорача резултати, истакна Шарма.

На церемонијата присуствуваат и шефот на организацискиот комитет на претходната 25-та Конференција на ОН за климата Каролина Шмид, претседавачот на 76-та сесија на Генералното собрание на ОН Абдула Шахид, претседавачот на Меѓувладиниот панел за климатски промени Хјосунг Ли.

Вчерашното отворање на COP26 е формално, бидејќи главната работа на форумот започнува денес, со Самитот на светските лидери, кој ќе трае два дена.Од вчера вечер во Глазгов  почнаа да пристигнуваат највисоките гости на конференцијата. Американскиот претседател Џо Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Борис Џонсон и италијанскиот премиер Марио Драги, како и многу други лидери, од Рим пристигнуваат во Глазгов, каде во моментов се одржува Самитот на Г20. Британска кралица Елизабета Втора, која планираше да присуствува на конференцијата, била принудена да се откаже од патувањето по совет на лекарите, но престолонаследникот, принцот Чарлс од Велс, познат по својот активен став кон животната средина и климата ќе учествува во COP26.

Претходно се дозна дека кинескиот лидер Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин нема да можат лично да присуствуваат на конференцијата, што значително ги намали очекувањата од конференцијата, во чиј успех британските набљудувачи и експерти почнуваат да се сомневаат. Во Глазгов нема да пристигнат и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро и мексиканскиот лидер Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Еколошките организации и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш однапред се пожалија дека многу земји не ги заостриле доволно своите климатски планови во последните две години од последната конференција на ОН во Мадрид и го одложиле неопходното брзо исфрлање на јагленот, нафтата и гасот.

Тоа е затоа што вештачкото затоплување на атмосферата со стакленички гасови веќе предизвикува почести екстремни временски услови. Примерите ги вклучуваат неодамнешни поплави во Германија, суша во регионот Сахел во Африка и разорни шумски пожари во Калифорнија и Русија.

Надежите дека од самитот Г20 ќе биде испратен силен сигнал пред самитот за климата се намалени, бидејќи активистите не видоа нова иницијатива за нови ветувања за заштита на климата.

Земјата веќе се загреа за околу 1,1 степени Целзиусови во споредба со прединдустриските нивоа; во Германија веќе е 1,6 степени.

Во Париз пред шест години, меѓународната заедница се согласи да го ограничи глобалното затоплување на максимум 2 Целзиусови степени или по можност 1,5 Целзиусови степени. Досега, пак, плановите поднесени од државите се далеку од доволни.

Британскиот премиер Борис Џонсон рано изутринава изјави дека се надева на „дух на одговорност и амбиција“ во Глазгов за да се одржи во живот целта поставена во Париз.

Други важни теми во Глазгов се трговијата меѓу државите со напредок во заштитата на климата и финансирањето на штетите и загубите предизвикани од глобалното затоплување, особено во посиромашните земји.

Илјадници климатски активисти пристигнаа во Шкотска во текот на изминатите денови, вклучително и шведската активистка Грета Турнберг, која вели дека не е официјално поканета да присуствува на конференцијата и дека е присутна за да го предводи протестот во Глазгов, со барање за итна акција.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ