• Latest
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Кој победи во најголемите општини на Локалните избори 2021?

November 2, 2021
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Кој победи во најголемите општини на Локалните избори 2021?

November 2, 2021 19:42
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

По вториот круг на Локалните избори 2021, ги анализираме гласовите во 11 поголеми општини во Македонија, односно оние каде што излегоа да гласаат над 15 илјади избирачи, како и гласовите во уште 10 поголеми општини, каде што градоначалник беше избран во првиот круг.

Квантитативната анализа на резултатите во поголемите општини покажува дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ победија во 12 од 21 поголема општина каде што излегоа над 15 илјади гласачи.

Поголеми општини во втор круг

1) Во вториот круг во Битола, каде гласаа 48.702 избирачи, победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Коњановски со 50.73% од гласовите, обезбедувајќи повеќе од 5 илјади нови гласови во споредба со првиот круг, и зголемувајќи ја предноста во однос на противкандидатот.

Резултати од 2 изборен круг во Битола, извор: ДИК

2) Во вториот круг во Куманово, каде што гласаа 46.273 избирачи, победа извојува независниот кандидат Максим Димитриевски со 55.30% од гласовите, односно со над 6 илјади гласови разлика во однос на неговиот противкандидат од СДСМ, иако во првиот круг водеше со само 22 гласа. Очигледно, голем дел од гласовите на кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ и АА/А се прелеале кај Димитриевски, кој во првиот мандат беше кандидиран од СДСМ, а во оваа изборна трка влезе како независен кандидат.

Резултати од 2 изборен круг во Куманово, извор: ДИК

3) Во вториот круг во Тетово, каде гласаа 39.371 избирачи, победи кандидатот Биљал Касами од БЕСА со 54.84% од гласовите – 21.591, дуплирајќи ги гласовите освоени во првиот круг. Иако Теута Арифи од ДУИ, која водеше во првиот круг, успеа да обезбеди околу 5.400 гласови повеќе, Касами победи убедливо со над 5 илјади гласови разлика, благодарение на поддршката на АА/А и дополнителна политичка поддршка.

Резултати од 2 изборен круг во Тетово, извор: ДИК

4) Во вториот круг во Гостивар, каде што гласаа 32.365 избирачи, убедливо победи кандидатот на АА/А Арбен Таравари со 57.73% од гласовите. Таравари освои речиси 3 илјади нови гласови во вториот круг и ја дуплираше предноста во однос на противкандидатот од ДУИ Невзат Бејта, кој пак освои помалку гласови од првиот круг.

Резултати од 2 изборен круг во Гостивар, извор: ДИК

5) Во вториот круг во Охрид, каде што гласаа 31.122 избирачи, победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков со 54.60% од гласовите. И тој речиси ја дуплираше предноста од првиот круг.

Резултати од 2 изборен круг во Охрид, извор: ДИК

6)  Во вториот круг во Карпош, каде гласаа 29.963 избирачи, победи кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски со 49.61% односно 14.864 гласови, иако во првиот круг беше втор со 6.841 гласови. Може да се претпостави дека Јакимовски доби над 8 илјади повеќе гласови во вториот круг благодарение на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ чиј кандидат освои 6.560 во првиот круг, но делумно и на Левица, чиј кандидат освои 3.679 гласови во првиот круг.

Резултати од 2 изборен круг во Карпош, извор: ДИК

7) Во вториот круг во Чаир, каде што гласаа 26.502 избирачи, победи кандидатот на ДУИ Висар Ганиу со освоени 55.19% од гласовите – 14.626, или над 4 илјади гласови предност во однос на кандидатот на АА/А Беким Сали.

Резултати од 2 изборен круг во Чаир, извор: ДИК

8) Во вториот круг во Струга, каде што гласаа 26.430 избирачи, победи кандидатот на ДУИ Рамиз Мерко со 52.07% од гласовите, зголемувајќи ја предноста од првиот круг, која овој пат изнесува над 2 илјади гласови.

Резултати од 2 изборен круг во Струга, извор: ДИК

9) Во вториот круг во Кичево, каде што гласаа 24.414 избирачи, со над 2 илјади разлика победи кандидатот на ДУИ Фатмир Дехари, кој беше инаку второпласиран во првиот круг. Иако имаше најави и шпекулации во јавноста дека „ВНУКОТ НА АХМЕТИ ЌЕ ГО ПОДДРЖИ КАНДИДАТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ“, мнозинството од гласовите на независниот кандидат од првиот круг (4.527 гласови), очигледно отидоа на контото на кандидатот на ДУИ Фатмир Дехари.

Резултати од 2 изборен круг во Кичево, извор: ДИК

10) Во вториот круг во Центар, каде што гласаа 23.100 избирачи, победи кандидатот на СДСМ Горан Герасимовски, кој освои речиси 3 илјади гласови повеќе од првиот круг, или 51.88% од гласовите. СДСМ победи во Центар и покрај отворената поддршка од Левица за ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг, која резултираше со 2.700 гласови повеќе за Наташа Котлар (Левица во Центар освои околу 2.800 гласови на советничката листа во првиот круг).

Резултати од 2 изборен круг во Центар, извор: ДИК

11) Во вториот круг во Кочани, каде гласале 18.009 избирачи, победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Папазов, со освоени 48.29% од гласовите, или со разлика од само 16 гласови, иако кандидатот на СДСМ Николчо Илијев водеше во првиот круг со 603 гласа.

Резултати од 2 изборен круг во Кочани, извор: ДИК

Поголеми општини кои добија градоначалници во прв круг

Ова се поголемите општини со над 15 илјади излезени гласачи во првиот круг на 17.10.2021, каде беа избрани градоначалници со над 50% поддршка од гласачите:

1) Во Прилеп во првиот круг, излегоа 40.472 избирачи, а победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Борче Јовчески со 54.84% и над 7.500 гласови разлика во однос на кандидатот на СДСМ, Горан Сугарески.

Резултати од 1 изборен круг во Прилеп, извор: ДИК

2) Во Аеродром во првиот круг, каде што излегоа 34.215 избирачи, победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски со 55.11% од гласовите и околу 8.900 гласови разлика во однос на кандидатот на СДСМ.

Резултати од 1 изборен круг во Аеродром, извор: ДИК

3) Во Гази Баба во првиот круг, излегоа 29.893 избирачи, а победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Бобан Стефковски, освојувајќи 59.91% од гласовите – со што оствари 9.100 гласови разлика во однос на кандидатот на СДСМ.

Резултати од 1 изборен круг во Гази Баба, извор: ДИК

4) Во Кисела Вода во првиот круг, каде што излегоа 28.071 избирачи, победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски со 52.34% од гласовите, или со точно 7 илјади разлика во однос на кандидатот на СДСМ.

Резултати од 1 изборен круг во Кисела Вода, извор: ДИК

5) Во Струмица во првиот круг, излегоа 25.625 избирачи, а победи кандидатот на СДСМ Костадин Костадинов, со 53.70% од гласовите, или предност околу 3.500 гласови во однос на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

Резултати од 1 изборен круг во Струмица, извор: ДИК

6) Во Штип во првиот круг, каде што излегоа 24.188 избирачи, победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов со 54.18% од гласовите.

Резултати од 1 изборен круг во Штип, извор: ДИК

7) Во Велес во првиот круг, излегоа 23.963 избирачи, а победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Марко Колев со освоени 51.76% од гласовите.

Резултати од 1 изборен круг во Велес, извор: ДИК

8) Во Кавадарци во првиот круг, каде што излегоа 20.985 избирачи, убедливо победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев со 72.35% од гласовите или над 10.500 гласови разлика во однос на кандидатот на СДСМ.

Резултати од 1 изборен круг во Кавадарци, извор: ДИК

9) Во Ѓорче Петров во првиот круг излегоа 19.466 избирачи, а победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Стојкоски со 50.24% од гласовите и предност со околу 3.200 разлика во однос на кандидатот на СДСМ.

Резултати од 1 изборен круг во Ѓорче Петров, извор: ДИК

10) Во Бутел во првиот круг, каде што излегоа 17.073 избирачи, победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Дарко Костовски со 52.79% од гласовите и околу 2.200 гласови разлика во однос на противкандидатот од СДСМ.

Резултати од 1 изборен круг во Бутел, извор: ДИК

Заклучоци од квантитативната анализа во поголемите општини

Од квантитативната анализа за тоа кој победи во поголемите општини во Македонија, може да се извлечат следните заклучоци:

  • Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ победија во 12 општини каде што излегоа над 15 илјади гласачи (3 во втор круг, 9 во прв круг).
  • Кандидатите на ДУИ победија во 3 поголеми општини (сите во втор круг).
  • Кандидатите на СДСМ победија во 2 поголеми општини (една во прв круг, една во втор круг).
  • Во по една поголема општина победија кандидатите на АА/А, БЕСА и ГРОМ (сите во втор круг) и независниот кандидат Максим Димитриевски, кој победи во вториот круг во Куманово.
  • Независна кандидатка, со поддршка на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ-АА/А, но и Левица, победи во вториот круг и во Град Скопје  (видете ја посебната анализа Што покажуваат резултатите на локалните избори во Скопје?).
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ