• Latest

Два месеци нова концепција во основното образование – какви се резултатите до сега и како понатаму?

November 4, 2021

24 ЧАСА: ДИК – 69 независни кандидати за градоначалници, предизборна прислушувачка пресметка Филипче – Мицкоски, Додик и Вучиќ со пораки до ЕУ преку Путин

September 2, 2025

ДИК: Истече рокот за собирарање потписи – 69 независни каднидати за градоначалници и 68 независни листи за советници

September 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на DRM News

Путин се сретна со словачкиот премиер Фицо во Пекинг, ја пофали неговата „независна“ политика

September 2, 2025

Дезинформација е дека имало голема тепачка на состанокот на ДУИ во Чаир

September 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

Уапсениот за убиство на поранешниот претседател на украинскиот парламент го призна делото и побара да биде разменет за украински заробеници кои се во Русија

September 2, 2025

Додик и Вучиќ испраќаат пораки до ЕУ преку средбите со Путин

September 2, 2025

Две години затвор за „командант Барути“ за нападот врз Данела Арсовска

September 2, 2025

Прислушувачка битка пред избори: Филипче бара истрага од ОЈО, Мицкоски алармира за удар врз демократијата

September 2, 2025
Фото: Скопје сити мол

„Весела математика“ на ВМРО-ДПМНЕ во обид да прикаже подобрен животен стандард на граѓаните

September 2, 2025
Војникот на Националната гарда на Украина, Владислав Нахорни, преживеал откако руските сили му го пресекле гркланот и го фрлиле во јама, верувајќи дека е мртов. Фото: Скриншот од Suspilne

Украинскиот војник кој преживеа мачење од Русите исчезна од болницата во Днипро

September 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Два месеци нова концепција во основното образование – какви се резултатите до сега и како понатаму?

November 4, 2021 11:46
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Toчно два месеци поминаа откако образовните власти ја спроведуваат во пракса новата Концепција за основно образование, која беше најавена како основа за развојот на образованието. Новините предвидени во документот треба да ги подобрат нештата и да ги следат современите тенденции во образованието. Откако системот во минатото претрпе многу промени, преку Кембриџ програмите, па екстерното тестирање и неколку други новини, ова беше обид да се исправат грешките и да се воведат вистински реформи со кои би се подигнал квалитетот на образовниот процес.

Како оди на терен примената на новите правила? Како учениците реагираат и дали се прилагодуваат на промените? За ова поразговаравме со наставници/практичари, како и со проф. д-р Кирил Барбареев, кој работеше на Концепцијата. Во меѓувреме, надлежните во Бирото за развој на образованието ја скенираат состојбата и ја анализираат примената во училиштата, по што ќе објават извештај.

Наставниците се послободни

Зорица Адамчевска има пестанесетгодишно искуство како наставничка. Работи во училиштето „Петре Поп Арсов“ во Богомила, општина Чашка. Годинава работи со првоодделенци, а промените во образованието оваа учебна година започнаа токму во прво и во четврто одделение. Адамчевска вели дека оваа учебна година чувствува поголема слобода во нејзината наставничка професија.

„Тоа никако не значи дека досега сме биле ограничени да ја употребуваме нашата креативност, но сметам дека временската ограниченост прави напнатост и кај наставникот и кај учениците. Бидејќи новата Концепција дава можност за слеаност на активностите, честопати преодот од еден во друг час учениците и речиси не го забележуваат, особено кога постои можност за меѓупредметна интеграција. Интеграцијата ја одредуваме ние наставниците сами, што искрено одзема  многу време за планирање и подготовка, но истовремено и можност самостојно да одредиме како ќе ги реализираме и постигнеме поставените цели од наставната програма“, вели Адамчевска.

Новина оваа учебна година е тоа што наставниците реализираат стандарди за оценување, а не содржини. Тоа значи дека имаат слобода да употребат било каков ресурс кој сметаат дека ќе даде подобар резултат во учењето.

„Во работата употребувам интерактивни презентации, интерактивни дигитални алатки, работни листови, учебник, па сè до наједноставни  манипулативи кои во секој  момент им се на дофат на учениците. Применувам сè што ќе го направи часот поинтересен, а содржината полесна за разбирање“, додава таа.

Во однос на тоа како реагираат учениците, Адамчевска вели дека секојдневно го гледа нивното задоволство, посебно кога е крај на активноста (часот), кога тие очекуваат уште работа.

„Верувам дека не само јас, туку и секој наставник е пресреќен кога ќе забележи дека учениците во слободното време (одморите, слободните активности) успешно го применуваат тоа што го правеле на редовните часови. Значи им било интересно, разбрале, но сакаат да го доистражат, применат, изменат“, вели наставничката.

Во фокусот се потребите на учениците

Проф. д-р Кирил Барбареев, еден од креаторите на Концепцијата вели дека во фокусот на секоја реформа мора да бидат интересите и потребите на учениците.

„Наставниците, училиштата и сите други образовни институции треба да бидат во функција на промовирање и заштита на најдобриот интерес на детето и остварување на правото за квалитетно образование во согласност со Конвенцијата за правата на детето.

Поаѓајќи од тоа, Концепцијата повикува на реформа која е ориентирана на учениците и бара образовниот процес да се организира така што ќе им ја демонстрира на учениците корисноста и релевантноста од учењето, ќе ги испочитува нивните потреби и интереси и ќе овозможи развој на потенцијалите на секој ученик и, во крајна линија ќе обезбеди учениците да се чувствуваат комотно и сигурно во училиштето и ќе бидат мотивирани да учат“, вели тој.

Една од основните цели на основното образование е да ги научи учениците да учат во следните нивоа на образование, но и во животот воопшто. Со кои компетенции треба да се стекнат учениците за да биде остварена оваа цел, е определено со Националните стандарди за основното образование, што е придружен документ на Концепцијата.

„Овие стандарди ги наведуваат знаењата, вештините и ставовите кои учениците треба да ги понесат со себе кога ќе го завршат основното образование. Тие се групирани во осум подрачја: Јазична писменост, Користење други јазици, Математика, природни науки и технологија, Дигитална писменост, Личен и социјален развој, Демократска култура и граѓанство, Претпримништво и Уметничко изразување и култура. Во нив се всушност вградени компетенциите за доживотно учење содржани во Препораката на Советот на Европската унија од 2018 година, што се прилагодени на возраста на учениците“, појаснува тој.

Мора да се реформираат и наставничките факултети

Барбареев потенцира дека за да се постигнат целите на вака реформираното образование, неопходна е реформа и на педагошките и наставничките факултети.

„Новата Концепција им отвора можност на овие факултети да станат важен фактор во обликување на новиот профил на современ наставник и за одделенска и за предметна настава. Слободно може да се каже дека преку барањето за осовременување на наставата и подигањето на компетенциите на наставниците се постигнува и друга цел, а тоа е подигање на реномето и општествениот статус на наставничката професија“, појаснува Барбареев.

Професорот вели дека најбитните констатации од направените анализи укажуваат на тоа дека нашиот образовен систем поттикнува помнење, наместо мислење, дека наставата е насочена кон реализирање на учебникот, наместо кон постигнување на очекуваните резултати од учењето, дека наставниците имаат ограничена автономија во изведување на наставата, дека нашите ученици се ориентирани на учење дома наместо во училиште (споредено со земјите со успешни образовни системи поминуваат 900 саати помалку време во училиште).

„Најдобар доказ на неуспехот на постоечкиот образовен систем се исклучително слабите резултати на меѓународните тестирања. Наставата е процес во кој се испреплетуваат поучувањето, учењето и оценувањето. И претходно беше потенцирано дека успехот на наставаа зависи од наставните содржини (колку учениците го доживуваат тоа што што се учи како релевантно и корисно) и од методите на настава и учење (дали материјалот ќе им се предава или учениците повеќе ќе се насочуваат како да дојдат до потребните знаења), а успехот од реализацијата на наставата е определен со нивото на постигнување на очекуваните резултати од учењето“, вели Барбареев.

Треба да се има на ум, според него, дека успехот зависи и од тоа колку се наставниците оспособени за имплементација на посакуваните промени, каква е севкупната атмосфера во училиштето за промовирање на култура на учење и за поистоветување на учениците и наставниците со училиштето во кое учат, односно работат.

„Концепцијата ги предвидува промените во сите овие сфери на образовниот процес“, завршува тој.

извор: мета.мк

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ