• Latest
Војо Маневски

Чии се нашите кредити?

November 5, 2021
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Чии се нашите кредити?

November 5, 2021 08:00
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Пред да ја започнам колумнава, морам да ви ја пренесам импресијата на една моја колешка која ја следи работата на локалните самоуправи. Кога новите градоначалници излегоа со првите пресови и интервјуа за состојбата на финансиите на локалните самоуправи, кои ги преземаа на управување ми пишала „ако ги чуваме архивите од последните четири смени на градоначалници треба да ги споредиме, зошто темата е иста, а се менуваат само ликовите и износот на долговите на општините“. Се разбира скоро секаде тие бројки се пораснати. Ова не е нешто што e само оправдување за идната работа на новите градоначалници и совети, туку навистина проблемот е евидентен.

Локалните самоуправи постојано се на работ на ликвидноста поради долговите, кои најчесто, по основ на камати, се нараснати до над половина од сопствениот буџет на локалните самоуправи. Се разбира, различни се износите и нивото на задолженост кај различните општини.

Пред три години, Владата донесе одлука со која им помогна на општините да се раздолжат до половина од своите долгови. Имаше низа услови што требаше да ги исполнат општините за да ја добијат помошта. Целиот пакет изнесуваше 50 милиони евра. Но тоа не помогна кај некои општини и сега долговите се скоро како и пред владината помош. Тоа покажува дека нешто со изворите на финансирање и трошење во општините не е во ред.

Најголемиот раст на долговите е по основ на камати за несиплатените долгувања. Земените кредити се посебна приказна, зашто не е запазена динамиката на нивното враќање и каматите се натрупале. Некаде тие кредити се земани за поддршка на локалните јавни претпријатија, а општината, како основач на претпријатијата, го презема долгот. Каматите за некои кредити се веќе поголеми од износот на кредитот кој е земен.

Можеби во основа на ваквите појави е и нашето разбирање на задолженоста на локалните самоуправи, како второстепени должници на кои централната власт е должна да им помага во вакви услови, а посебно затоа што и дозволата за задолжување се добива од Министерството за финансии кое, пак, е гарант за долгот пред странскиот кредитор. Предлогот на законот за финансирање на локалните самоуправи, кој стои во Собранието, може да помогне во растоварување на долговите на општините, зашто се предвидува двојно зголемување на делот од персоналниот данок и една третина зголемување на делот од ДДВ, кој оди за локалните самоуправи. Сега е неизвесно кога ќе се донесе законот, поради политичката криза во која влегуваме по локалните избори.

Како и да е, долгот се зголемува и неговото враќање станува товар за локалните самоуправи без разлика од која политичка провиниенција доаѓаат. На крајот долговите ги враќаат граѓаните.

Да го илустрираме ова со еден кредит кој пред 20 години е земен од Општина Штип и кој денес го илустрира токму овој проблем.

Ќе ја опишам динамиката на кредитот со наведување на имињата на тогашните директори на Јавното претпријатие „Исар“ и градоначалниците на Општина Штип. Нивните имиња не им значат ништо на читателите кои не се од Штип, но заради веродостојноста на податоците ќе ги наведам.

Одлуката за отворање на постапката за подигање кредит е донесена во 2000 година од Советот на Општината и тоа на последната седница пред неговото распуштање пред изборите за локална самоуправа. Градоначалник на Штип е д-р Томо Миташев.

Договорот за кредитот, доделен од ЕБОР, е потпишан од градоначалникот Димитар Ефремов, а преддоговорот од  в.д. директорот на ЈП „ИСАР“ Јасмина Петешева. Договорот за кредитот од страна на ЈП „Исар“ го потпишува директорот Лазо Богатинов.

За учество во реализација на кредитот на пет лица од ЈП „ИСАР“ согласно одлуката од 01.08.2011 година до 2015 година им е исплатено 889.000 денара и тоа на две лица по 4.800 денари и на три лица по 3.200 денари месечно.

Долгорочниот кредит е подигнат за реконструкција на водоводната и канализационата мрежа во општина Штип и за таа цел се повлечени средства во износ од 163.839.101 ден. во периодот од 2002 до 2006 година.

Грејс периодот за враќање на кредитот е до 2005 година. Од тогаш до сега се сменија шест директори на ЈП „Исар“ и исто толку градоначалници, а динамиката на враќањето на ануитетите по основ на овој кредит се следниве.

За време кога директор на ЈП „Исар“ е Лазо Богатинов, а градоначалник е Панде Сарев, доспеани обврски за плаќање се 24.142.201 денар. Вратени се 72.634 денари, а заостанати се 24.142.567 денари.

Следниот директор е Здравко Коцев, во мандатот на истиот градоначалник и тогаш се доспеани нови 20.304.861 денар. Вратени се 8.894.022 денари и се заостанати од тој период 11.410.839 денари.

За време на истиот градоначалник има и трет директор Симеон Донев и во негово време доспеале 43.919.452 денари. Вратени се 11.870.608 денари и повторно заостануваат само за овој период 32.048.844 денари.

За периодот од 2005 до 2009 година заостанатиот долг изнесува 77.070.086 денари.

Во 2009 година, по локалните избори, градоначалник е Зоран Алексов, а директор е Васе Арсов. Во тој рок се доспеани се 18.395.152 денари и од овие средства не е платено ниту една рата, ниту било кој дел од доспеаниот кредит.

Во мандатот на истиот градоначалник, од 2010 до 2014 година директор на ЈП „Исар“ е Никола Мицевски и тогаш е доспеана најголемата обврска со износ од 67.532.101 денар и е вратен целиот доспеан износ, а платени се дополнителни 8.348.023 денари од заостанатиот долг од претходните пет години.

По изборите во 2013 година, градоначалник станува Илчо Захариев, а директор на ЈП „Исар“ е Ангел Бојаџиев од 2014 до 2017 година и тогаш се доспеани 23.784.242 денари и таа обврска во целост е исплатена. Во средината на 2016 година платени се уште 8 милиони денари.

Во ноември 2017 година се одржани локалните избори и градоначалник на општина Штип е Благој Бочварски, а директор на ЈП „Исар“ е Живко Тасев. Вкупниот долг по основ на главница е 68 милиони денара, а заостанатите неисплатени камати се 104 милиони денари. За периодот од три години не е исплатена ниту една доспеана обврска на претпријатието, а со тоа се зголемува долгот по основ на камата кој сега изнесува над 168 милиони денара. Вкупниот долг во овој момент е скоро 230 милиони денари.

Во  декември, минатата година, по вонредните избори за градоначалник на Штип на таа функција доаѓа д-р Сашко Николов. По известувањето на Министерството за финансии дека следува блокада на сметката на јавното претпријатие, направен е договор со Министерството за финансии за репрограмирање на кредитот и потпишан е договор за отплата на кредитот на 60 рати со шест месечен грејс период, кој истекува во октомври годинава. Платени се 6 милиони денари како дел од ануитетите.

Ако се направи обична математичка операција, само по основ на овој кредит ЈП „Исар“ е должен да враќа месечно по 3.900.000 денари. Ако се земе просечниот приход на претпријатието по основ на наплата на комуналните сметки за вода, канализација, зеленило  се доаѓа до делот од 25% од вкупниот приход на претпријатието по овој основ. Тоа тешко дека ќе може да го направи ЈП „Исар“ ако не помогне општинскиот буџет како позајмица или некој друг финансиски инструмент. Но и тогаш претпријатието ќе мора да најде начин да ги отплатува средствата.

На крајот, сето ова ќе значи зголемување на цената  за комуналните услуги. Таквата одлука секако ќе биде непопуларна и политички ризична за новиот градоначалник и новиот директор на ЈП „Исар“. Најавите за помош од Владата по основ на отпис на камати засега се стивнати, поради локалните избори кои завршија минатата недела.

Со овој текст, кој е секако заморен за читање, но сметам дека е нужен заради запознавање на граѓаните со фактите кои произлегуваат од листингот на отплаќање на кредитот земан пред 20 години и како илустрација за една од причините на задолженост на локалните самоуправи.

Искористувањето на средствата од кредитот се наведени во завршните сметки на претпријатието уште кога се повлечени од сметката на кредиторот и за нивната правилност досега се изјасниле надлежните институции, па нема причина да бидат дел од овој текст кој има друга цел.

Јавноста во трошењето на јавните средства се императив за контролата на работењето на секоја јавна институција и треба да е основна задача на медиумскиот сектор. И објавувањето на лицата кои имаат јавни овластувања и се одговорни за јавните финансии е дел од оваа задача.

Време е да сфатиме дека нема бесплатен ручек, само прашање е кога и колку ќе се плати.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ