• Latest

Маричиќ: Владеењето на правото е суштински елемент во градењето на модерно и демократско општество

November 5, 2021
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Маричиќ: Владеењето на правото е суштински елемент во градењето на модерно и демократско општество

November 5, 2021 11:05
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Северна Македонија има добра соработка со Европскиот суд за човекови права во Стразбур, соработка која сакаме во иднина уште повеќе да ја продлабочиме. Потврда за безрезервната определба земјава да ги спроведува стандардите на Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи и праксата на ЕСЧП, покрај другото, е и потпишувањето на Протоколот 16 на Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи, со кој се уредува можноста највисоките судови од земјава, да побараат од Европскиот суд да даде советодавни мислења за принципиелни прашања во врска со толкувањето или примената на дефинираните права и слободи во Конвенцијата.“, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ на регионалната конференција на тема „Ефикасен поврат на имот во согласност со европските стандарди“ што се одржува во Скопје, на која присуствува и претседателот на Европскиот суд за човекови права Робер Спано.

„Со судијата Спано имавме можност да се видиме за време на мојата посета на Стразбур во септември годинава. Тогаш во име на Владата на Република Северна Македонија го потпишав и Протоколот 16 на Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи, кој претставува еден важен документ со коj се унапредува соработката на домашните судови со Европскиот суд за човекови права. Со тоа како Влада ја потврдивме безрезервната определба да ги спроведуваме стандардите на Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи и праксата на Европскиот суд за човекови права. Со овој Протокол се уредува можноста највисоките судови од земјава, да побараат од Европскиот суд за човекови права да даде советодавни мислења за принципиелни прашања во врска со толкувањето или примената на дефинираните права и слободи во Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи или нејзините протоколи. Ратификација на овој протокол се надевам дека ќе се случи наскоро“, рече Маричиќ.

Тој нагласи дека во однос на изготвувањето на законите, активностите на Министерството за правда се фокусирани на две нивоа: изготвување законски измени за имплементација на најновите меѓународни стандарди во казнено-правната област и следењето на примената на законите.

„Од анализите за спроведувањето на законите во оваа сфера произлегоа одредени заклучоци за слабости во спроведувањето на законските одредби поврзани со конфискацијата во кривичната постапка. Имено, праксата покажа постапување на домашните судови во одредени предмети кое не е во согласност со одредбите од Европската конвенција за човекови права. Заради ова, работната група за изготвување на Кривичниот законик посебно внимание посвети и на ова прашање и на усогласување на одредбите од Кривичниот законик со Конвенцијата“, посочи Маричиќ.

Според него, посебен значаен проект е изготвувањето нов Закон за утврдување на потекло на имот.

-Со тоа, во нашата држава за прв пат ќе биде воведена т.н. „конфискација“ во граѓанска постапка како исклучително ефикасен модел за справување со организираниот криминал и корупцијата. За разлика од конфискацијата во кривичната постапка, во оваа посебна граѓанска постапка, постапката не се води  против лицето, туку против имотот чие потекло не може да се докаже, а сопственикот или лицето кое го владее ќе има обврска да докаже дека тој не бил предмет на противзаконски активности и дека е легално стекнат, рече Маричиќ.

Додаде дека при изготвување на законот биле земени предвид меѓународните стандарди, а особено судската пракса на Судот во Стразбур и бројните компаративни искуства од државите во кои овој институт се применува веќе подолг временски период и се покажал како исклучително успешен.

Тој информира дека во Министерството за правда интензивно се работи и на изготвување измени и дополнувања на Законот за кривичната постапка.

Целта на овие измени, рече, е да се имплементираат најновите директиви на Европската унија усвоени по донесувањето на Законот во 2010 година, како и да се отстранат лоцираните недостатоци детектирани во досегашната примена на законот.

-Токму владеењето на правото претставува суштински елемент во градењето на модерно и демократско општество. Горд сум што сум министер во Владата која за неколку години направи квантни чекори напред во однос на ослободување на судството и медиумите и создавање на услови правдата да биде испорачувани, рече Маричиќ.

Министерот нагласи и дека се работи на реформи во судството, кои треба да резултираат со креирање со ефикасен правосуден систем и колку што е можно помалку апликации од Република Северна Македонија да пристигнуваат во Стразбур.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ