• Latest
Бојан Маричиќ. Фото: скриншот

Маричиќ: Приоритет е зачувување на парламентарното мнозинство, тоа е волја на сите коалициски партнери

November 5, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Маричиќ: Приоритет е зачувување на парламентарното мнозинство, тоа е волја на сите коалициски партнери

November 5, 2021 13:20
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Бојан Маричиќ. Фото: скриншот

Бојан Маричиќ. Фото: скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Консултациите и состаноците и со коалициските партнери и на ниво на СДСМ се во тек. Денеска има серија на средби, очекуваме наредната недела веќе да излеземе со конкретен план затоа што е тоа важно и за граѓаните и за државата, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во одговор на новинарско прашање за оставката на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Запрашан да ја искоментира заканата што ја упати генералниот секретар на Беса и министер за земјоделство Аријанит Хоџа, дека оваа партија може да излезе од мнозинството и да ја урне Владата, Маричиќ одговори дека преку состаноци ќе се решат сите дилеми и нема да има никакви последици по парламентарното мнозинство.

Во врска со информациите дека СДСМ планира следната недела да го објави името на новиот мандатар, но и дека коалицискиот партнер ДУИ смета дека прво треба да се избере нов лидер на СДСМ, а дури потоа да се оди со мандатар, како и тоа дали се работи за нарушување на коалицијата со ДУИ, Маричиќ потенцира дека во моментот, приоритет е зачувување на  парламентарното мнозинство и дека тоа е волја на сите коалициски партнери.

„Нас ни е приоритет да се зачува парламентарното мнозинство бидејќи тоа е и волја на сите коалициони партнери и секако, да ја најдеме најдобрата формула како да продолжи да функционира Владата во овој момент, бидејќи има расположение, има одлука да се продолжи, а да нема избори во овој момент“, рече Марчиќ.

Во врска шпекулациите дека тој е во игра за следен мандатар , Маричиќ изјави дека „Тоа е шпекулација, ниту сум разговарал, ниту некој ме прашал, ова освен да го означам како шпекулација ништо друго не можам да кажам“.

Маричиќ информира дека досега имале неколку средби на повеќе нивоа, а денеска има сериозна серија на средби на кои се прави оценка и на одговорноста на централниот изборен штаб и на сите нивоа.

„Мислам дека после тоа кога ќе се договориме ќе има сигурно објава во смисла на тоа што понатаму“, рече Маричиќ на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано и програмски директор за Западниот Балкан во AIRE Центарот Билјана Брајтвејт.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ