• Latest

ЗНМ и ССНМ со осуда за омаловажувачкиот и непримерен однос на Стевчо Јакимовски кон новинарите

November 5, 2021
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЗНМ и ССНМ со осуда за омаловажувачкиот и непримерен однос на Стевчо Јакимовски кон новинарите

November 5, 2021 15:10
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) го осудуваат денешниот непримерен и омаловажувачки однос на градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски кон новинарите за време на изјавата пред Кривичниот суд.

На новинарските прашања упатени до градоначалникот Јакимовски денес пред судот, тој наместо да одговори во врска со судската постапка во која тој и неколкумина се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување како претходен градоначалник на општината Карпош, тој изјави дека имал одлични менаџерски способности и дека прашањата упатени од страна на новинарите кон него биле „смешни“. Исто така, тој ги обвини новинарите дека денешното присуство на медиумите и новинарите на првото рочиште било оркестрирано од страна на „еден центар“.

ЗНМ и ССНМ потсетуваат дека градоначалниците се избрани функционери кои се платени од граѓаните и тие имаат обврска да негуваат професионален однос кон новинарите и медиумските работници, со цел да даваат отчет за својата работа и во ниту еден случај не може да биде оправдана лична пресметка на јавни настани. ЗНМ и ССНМ апелираат до засегнатите политичари да имаат поголема култура во јавната комуникација и односот со медиумските работници, бидејќи новинарите служат да ја информираат јавноста, а не да задоволат нечии партиски очекувања. ЗНМ и ССНМ апелираат, исто така, јавните личности, избраните функционери да се воздржат од изјави кои на било кој начин може да се сфатат како етикетирање на новинарите, бидејќи тоа не е во духот на европските и демократски вредности.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ