„Цело прогресивно граџанство еднаш уста не отвори – ај може еднаш- на чистата мизогинија и постојаното цунами на омраза против Мила Царовска“, пишува проф. д-р. Катерина Колозова на својот Фејсбук профил.
„Мерачите на вистина и факти едвај ли се одзиваа на измислиците “нема вц, следствено нема компјутер” иако пред нос година дена им се одвива онлајн настава за 90% (и повеќе) ученици.
Зборот кучка не прекина да се врти. Прогресивците си молчеа.
ПС за ваша информација, тие се напукаа грантови за образование – не ја. Молчачите. Ја се убив од волонтерско пишување анализи, а полуписмени “дрште се за ручице” НВОа се истите што растураа со грантови за образование, и во време на Грујо и сега. И така. Ја стварно доброволно а не дека “Заев ме плаќа” ви викам – тешка и лицемерна селендра сме“, пишува Колозова.