• Latest
Жарко Трајаноски

Проверката на факти не е диктатура, туку алатка на демократијата и човековите права!

November 8, 2021
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Истражна комисија на ОН: Израел извршил геноцид врз Палестинците во Газа

September 16, 2025

Стојанче Ангелов „по кратка постапка и на сила ќе ги сели Ромите од Вардариште“ – Шукова со реакција: Ова е врв на нечовечноста и го открива вистинското лице на оваа власт

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CNBC Television

Бесент: Европа мора „да го направи својот дел сега“ пред САД да воведат царини за Кина поради руската нафта

September 16, 2025

ВЛЕН: Државен приоритет на Меџити и Фетаи е да ја затворат дивата депонија во Никуштак

September 16, 2025
Фото: Скринчот од видео на Влада на Северна Македонија/ Фејсбук

По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, од СДСМ бараат Мицкоски да одговара за ширење страв и паника

September 16, 2025

Ужас во Велес: Ја убил поранешната девојка и татко ѝ, па се самоубил

September 16, 2025
Фото: Доналд Трамп/Truth Social

САД, по наредба на Трамп, уништиле венецуелски брод за дрога, убивајќи три лица

September 16, 2025

На пратеникот на Левица, Сашко Јанчев му се одземени пасошот и возачката дозвола поради сообраќајката во скопско Марино

September 16, 2025

Пожар рано утрово во сервис за возила пред Пинтија

September 16, 2025
Пожар избувна од рафинеријата за нафта Кириши во руската Ленинградска област по пријавениот украински напад со беспилотни летала на 14 септември 2025 година. Фото: Генералштаб на украинската војска/Телеграм

Украински дронови нападнаа голема руска рафинерија во Ленинградската област, клучната единица го запре производството

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО

Проверката на факти не е диктатура, туку алатка на демократијата и човековите права!

Додека во демократските земји се градат капацитети за образование и поддршка на проверувачите на факти, кај нас сè уште има професори кои шират дезинформации за проверката на факти и неаргументирано ги напаѓаат проверувачите на факти. Таков е примерот со еден наш ректор на Универзитет, кој објави колумна со наслов „Проверка на фактите – диктатура на илузиите и инженеринг на молкот“.

November 8, 2021 18:50
in ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Жарко Трајаноски

Жарко Трајаноски

Share on FacebookShare on Twitter

ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

Експерти на Обединети нации укажуваат дека за време на пандемија, проверката на факти станува исто толку битна како и миењето раце. Битката против дезинформациите преку проверка на факти не е клучна само за совладување на коронавирусот, туку и во борбата за човекови права и демократија.

Kолку се важни проверувачите на факти покажа не само борбата против вирусот од дезинформации за време на пандемијата, туку и лажните вести уште пред претседателските избори во САД.

Кога претседателот на САД, Доналд Трамп се обиде да ги прогласи гласовите по пошта како измамнички, Твитер најнапред додаде линк на неговиот твит со порака „Дознајте ги фактите за гласовите по пошта“. Линкот водеше до страницата „Трамп прави непоткрепени тврдења дека гласовите по пошта водат кон изборна измама“, каде што Твитер, повикувајќи се на проверувачи на факти (од CNN, Вашингтон Пост и други), укажа дека не постојат докази дека гласовите по пошта се поврзани со изборна измама. Твитер ја користеше оваа практика и за време на кампањата за претседателските избори во САД која беше исполнета со неосновани тврдења за изборни измами и други дезинформации, а ја користи и за време на пандемијата.

И компанијата Фејсбук има воспоставено систем за борба против погрешни информации преку независни проверувачи на факти – над 80 организации ширум светот, меѓу кои и Фондацијата Метаморфозис и Вистиномер.

Вистиномер објасни како функционира соработката со Фејсбук и проверката:

„Кога проверувачот на факти ја рангира веста како лажна, Фејсбук ја прикажува подолу во „Новости (News Feed)“, со што значително се намалува нејзиното понатамошно ширење. Ова спречува да се шири измамата и се намалува бројот на луѓе што ја гледаат веста.“

Фејсбук, пак, кога објаснува како функционира програмата за проверка на факти, експлицитно укажува дека проверувачите на факти не отстрануваат содржини:

„Проверувачите на факти не отстрануваат содржини, сметки или страници од Фејсбук. Фејсбук отстранува содржини кога ги прекршуваат нашите Стандарди на заедницата, кои се посебни од нашата програма за проверка на факти“.

Проверката на факти не е само алатка во борбата против пандемијата, туку стана една од алатките во борбата за човекови права и демократија. Така, Акцискиот план на ЕУ за човекови права и демократија 2020-2024, предвидува – меѓу другото – и поддршка на независни проверувачи на факти и истражувачи! (EU Action Plan on Human Rights and Democracy 2020-2024, p. 8).

И, додека во ЕУ и ширум светот се поддржуваат проверувачи на факти и се градат образовни капацитети за градење вештини за проверка на факти, еден наш ректор на Универзитет објави колумна со наслов „Проверка на фактите – диктатура на илузиите и инженеринг на молкот“.

Коментар за ставовите во колумната

1) Во насловот на колумната, проф. Звонимир Јанкулоски, ректор на Универзитетот МИТ, методот на проверка на фактите го нарекува „диктатура на илузиите и инженеринг на молкот“.

Проверка на фактите не е никаква „диктатура“, ниту пак е репресивна алатка, туку алатка на демократијата. Проверката на фактите не замолчува никого, туку е еден од начините на остварување на правото на слобода на изразување – изразување на информации за дезинформации или тврдења кои не се засновани на факти.

2) Ректорот на Универзитетот МИТ, во својата колумна ги дехуманизира проверувачите на факти како „интернет-паразити“ и ги обвинува за убиство на слободниот говор и слободата на изразување во Македонија:

„Доста е. Ги убивте слободниот говор и слободата на изразување во Македонија. Доста ни е од оние интернет-паразити, таканаречени проверувачи на факти, кои во информативната војна во државава вистината ја претворија во оружје за масовни измами и политички манипулации.“

Нема никакви докази дека проверката на факти го убива слободниот говор и слободата на изразување – ни во Македонија. Напротив, проверката на факти е признаена како алатка на слободата на изразувањето, човековите права и демократијата. Резултатите од најновите истражувања укажуваат дека проверката на факти позитивно влијае во борбата против дезинформациите и дека обесхрабрува ширење на лажни или залажувачки тврдења и кај политичарите, и кај медиумите, и кај граѓаните.

скриншот од колумната на проф. Јанкуловски, објавена на порталот Весник

3) Наместо да откриваат измами и манипулации, според професорот Јанкулоски, проверувачите на факти се претвориле во средство за цензура:

„За жал, кај нас најбрутално се политизира вистината, а проверувачите на факти се претворија во средство за цензура, каде што не се проверуваа само фактите, туку и поинаквото мислење и наративи.“

Нема никакви докази дека екстерните проверувачи на факти и кај нас, и во светот се средство за цензура. Веќе укажавме дека и Фејсбук и Твитер не отстрануваа содржини кои не ја поминуваа проверката на фактите, туку само додаваа линкови од независни проверувачи на факти. Проверката на факти не е никаква цензура, туку слобода на изразување на информации за други информации кои не се засновани на факти.

4) Својот напад врз проверувачите на факти проф. Јанкулосоки го надградува и проширува со следната теза:

„Очигледно никогаш не им било грижа дека без целосно и неограничено право на слободен говор нема други права, нема слободна мисла, а без слободната мисла ние веќе не сме демократија.“

Прво, правото на слобода на говор не е „целосно и неограничено“, како што имплицира професорот, туку подразбира должности и одговорности и може да биде ограничено во многу случаи. Проверката на факти воопшто не го оспорува ниту ограничува правото на слобода на говор и слобода на изразување, ниту пак правото на слобода на мислење.

5) Професорот Јанкулоски продолжува со неосновани напади врз проверувачите на факти и погрешни аналогии:

„Тактиката на казнување и замолчување на говорот денес од „прогресивците“ е слична, ако не и иста од времето на комунизмот.“

Проверувачите на факти не се дел од никаков механизам на казнување или замолчување. Сосема е неосновано да се прави аналогија со „комунизмот“, најразвиените механизми за проверки на факти денес се во најдемократските земји во светот.

од колумната на проф.Јанкуловски, извор: Vesnik.com

6) Според професорот Јанкулоски, проверувачите на факти не само што биле алатка за замолчување, туку помагале во ширење на вирусот на лоши, непроверени и морално банкротирани идеи:

„Со моќната алатка за замолчување – проверувачите на факти – се помогна вирусот на лошите, непроверени и морално банкротирани идеи да го зарази целото општество.“

Истражувачи докажуваат дека проверката на факти успешно функционира во многу земји и дека е моќна алатка против вирусот на дезинформации.  Проверувачите на факти не се никакви заразители со „вирусот на лошите, непроверени и морално банкротирани идеи“ – напротив, проверувачите на факти помагаат во идентификување на непроверените тврдења, кои не се засновани на факти.

7) На крај од колумната, професорот им се обраќа на проверувачите на факти:

„Драги мои „прогресивни“ цензори, или како што милувате да се нарекувате – проверувачи на факти, екосистемот на отворена дебата и конструктивно слушање и критика е клучот за демократско општество и е најдобрата вакцина против говорот што не го сакаме. Едноставниот факт е дека цензурирањето на говорот е рецепт за авторитаризам и регресија.“

Токму проверката на факти поттикнува на отворена дебата и критичко размислување и аргументирање засновано на факти и докази. Токму затоа, проверката на факти е веќе признаена алатка во современите демократски општества. И, токму затоа, во светот се шири мрежата на организации кои проверуваат факти, а ширум светските универзитети се множат курсеви и предмети за „проверка на факти“, „лажни вести“ и дезинформации.

На светските универзитети се организираат посебни семинари и школи за проверка на факти и се создаваат библиотеки и ресурси за проверка на факти – не само за студенти по новинарство, туку за сите студенти по општествени науки.

За жал, додека во демократските земји се градат капацитети за образование и поддршка на проверувачите на факти, кај нас сè уште има професори кои шират дезинформации за проверката на факти и неаргументирано ги напаѓаат проверувачите на факти.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ