• Latest
Добро утро со Орданоски

Три години од бегството на Груевски…

November 9, 2021

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери од Самитот во Тирана едногласно најавија санкции против Русија; Дијалогот меѓу Косово и Србија неизбежно ќе биде предмет на дискусија Самитот

May 16, 2025
Фото: ССНМ

Отворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство 2025

May 16, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Меѓународна конференција „Сребреница – совеста на светот“: Глас против негирањето на геноцидот и пропагандата

May 16, 2025

Украина ќе добие 84 милиони долари од Светска банка за обнова на станбена инфраструктура оштетена во војната

May 16, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Германскиот канцелар ѝ се заканува на Русија со нови санкции поради непојавувањето на Путин на разговорите во Истанбул

May 16, 2025

Реакции: „Ќе им дадат помош пред избори и ќе ги обработат да не протестираат повеќе“; „Туѓи деца, не ги боли“; „Ќе дадат свој предлог пред избори и ќе го усвојат“…

May 16, 2025

Калас: Проширувањето и е неопходно и на Европската унија

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 50 Палестинци се убиени откако Израел започна офанзива во северна Газа

May 16, 2025

16 Мај – Ден на ромскиот отпор против нивното планирано погубување од нацистите во Аушвиц-Биркенау

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
MZR Kashmir

Индија разгледува план за намалување на водоснабдувањето на Пакистан со нов проект за реката Инд

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Три години од бегството на Груевски…

Во Обвинителството, истрагата за бегството на Груевски е сѐ уште отворена. Се чека тој да се врати во земјава – ако наскоро не се пресели во Истанбул, на пример – за лично да ја затвори. Овдешните магариња – и-ааа, и-ааа, и-ааа, ова е мојата магарешка ономатопеа – се на пат да пцовисаат до таа зелена трева

November 9, 2021 06:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Би можело да се тврди – додуша, со комотниот бенефит на ретроспекцијата – дека падот од „тронот“ на праведноста, на надежта, а веројатно и од власта на СДСМ по 2016 година започна на денот по бегството на Груевски од државава, пред три години. Јавноста и денеска не ги знае одговорите за тоа како, кој и зошто му помогна на Груевски така срамно, но и вешто, со туѓа помош, да ја напушти државата по десетина години владеење со неа со употреба на сите нелегални и валкани средства и методи, па и со обид за насилен државен удар на крајот од таа национална, недемократска траума и срамота.

За сите тие настани, голем број негови соработници отидоа или се на пат да одат на долгогодишни правосилни затворски робии, само тој се шета со старлети по будимпештанските приеми, алиментирајќи го својот кукавичлук со милиони наши украдени евра што, вака или онака, наоѓаат пат назад, до овдешната партиска и друга инфраструктура преку која се надева, еден ден, да се врати во земјата. Можеби и наскоро.

Неговата матична партија, со целото сегашно негово „второешалонско“ раководство во неа, никогаш не собра храброст јасно и гласно да се дистанцира од Груевски. Само како папагали повторуваат дека тој период за нив е „минато“. Па, минато е и времето на фашизмот, па нема повоен германски канцелар кој не клекнал – до денеска! – по разни подови да се извини за злоделата на тој ужасен режим. Не, не, не е Груевски Хитлер, ама никој и не бара Мицкоски вчера/денеска да клекнува за извинување – доволно ќе беше јасно и „математички прецизно“ да го оквалификува режимот на неговиот покровител како недемократски и опресивен, барем со една третина од зборовите и квалификациите со кои секојдневно ја опсипува оваа власт којашто се обидува сега да ја урне. Како што, впрочем, клекнуваше на митинзи пред „народот“, ветувајќи му враќање на власт на партијата што тој ја предводи, по „милоста“ на Груевски.

Но, тоа е сега завршена работа. Мицкоски е во победнички налет, поддржан и од многу гласачи на локалните избори кои сметаат дека Груевски е навистина „минато“ за демократијата во Македонија. Проверката на исправноста на тој впечаток сите скапо ќе нѐ чини, но познато е дека надежта е силна, иако не многу паметна стратегија.

(Патем, со политичкиот азилантски статус во Унгарија, Груевски има легално право да гласа на локални избори – би бил будала да не го искористил тоа свое демократско право!)

Сега и Заев е на добар пат да стане „минато“, како и Груевски. Бидејќи, меѓу другото, Заев се согласи – заради комбинација на опортунизам, неспособност, притисок од „поважни“ теми и прашања, но и погрешни политички калкулации – работата со Груевски и неговото бегство да одбие да ја истера на чистина пред македонската јавност. Дозволи околу тоа да се плетат мистификации и шпекулации кои, потоа, најмногу нему и на неговото СДСМ им штетеа. Додека Заев ги решаваше големите проблеми наследени од Груевски, Груевски го решаваше Заев. Резултатот го гледаме.

Што правевме сите ние, многумина други, кои секој на свој начин и со своите можности – многу помалку од ризиците што ги презема Заев – придонесовме за падот на Груевски?

Фер е да се каже дека и повеќето од нас, на некој начин, се согласивме со „пристапот“ на Заев. Многу теми и проблеми беа – или се чинеа дека се – поважни од решавањето на околностите за бегството на Груевски. Како да „симнавме“ една тема од дневен ред, оставајќи ја да ја решаваме подоцна. Листата на изговори е подолга од листата на причини што требаше подобро да ги разбереме. Искрено, јас и денеска не ги разбирам, а често се правам дека би требало.

Ама, па, активно си премолчија и нашите мили сојузници, „странците“, што на целата афера даде дополнителна мистика и наша импресионираност, дека „има тука нешто“ заради што сите си „свиркаат“. Па, може ли некој како неранимајкото Груевски, макар и во гепек, непречено да помине преку ридови и долини, преку 3-4 меѓудржавни граници (еј!), а тоа да не биде со „меѓународна“ логистика?! Не може. Не ќе да е само Орбан, омилениот државник на опозицијата, кабаетлија.

Побрзо отколку пополека, барањата за оставки на одговорните набрзо се заборавија во конфузниот сматок од „легалистички“ причини за тоа кој и зошто не реагирал… На новата власт беше поважно, наместо да ѝ фаќаме „кусур“, да ѝ се даде поддршка заради бројните проблеми со кои се соочуваше, во една перманентна пата-пата политичка состојба во Собранието и во општеството, воопшто.

И така, по бегството на Груевски, едно по друго…

Се испостави дека Заев е цар за неопходни политички компромиси и крал за непотребни политички компромиси. Заслугите му се подеднакво големи, без разлика што, сепак, првите подолго ќе останат запаметени во историјата. Во сегашноста, очигледно, е – обратно.

Во Обвинителството, истрагата за бегството на Груевски е сѐ уште отворена. Се чека тој да се врати во земјава – ако наскоро не се пресели во Истанбул, на пример – за лично да ја затвори. Овдешните магариња – и-ааа, и-ааа, и-ааа, ова е мојата магарешка ономатопеа – се на пат да пцовисаат до таа зелена трева.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ