• Latest

ИФИМЕС: Дел од македонските Албанци ја предаваат државата во руски раце?

November 11, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

ИФИМЕС: Дел од македонските Албанци ја предаваат државата во руски раце?

November 11, 2021 09:14
in АНАЛИЗИ, КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновата анализа на на Меѓународниот институт ИФИМЕС со наслов „Северна Македонија 2021: Албанците ја предаваат државата во руски раце?“, аналитичарите сметаат дека изненадувачки е фактот што некои Албанци се во функција на остварување на руските интереси.

„Задкулисните настани на македонската политичка сцена покажуваат дека дел од Албанците се уште тесно соработуваат со ВМРО-ДПМНЕ и со Никола Груевски. Соработката на македонските Албанци со Русите не е запишана во современата историја на Албанците, кои своите стратешки односи ги градеа пред се со САД. Настаните во Северна Македонија се особено опасни, бидејќи во исто време се синхронизирани со настаните во Босна и Херцеговина како најава за нова дестабилизација на регионот, не исклучувајќи ги вооружените конфликти“, се предупредува во анализата.

Според ИФИМЕС, дефинитивно, „некои Албанци ќе застанат на страната на Русија со своите погрешни политички потези и ќе ја предадат Република Северна Македонија на Русија, со што ќе ја изневери довербата на албанските гласачи“.

Во анализата на ИФИМЕС се посочува дека е индикативно е што две земји од регионот, членки на НАТО и ЕУ, активно учествуваат во операцијата „Коњички скок“, едната со нудење азил на Груевски, а другата со блокирање на Северна Македонија за почеток на преговори за членство во ЕУ. Двете земји имаат истомисленици во опозициските партии во Северна Македонија.

„Така, овие две држави на тој начин дејствуваат директно против интересите на организациите во кои се членови. Ваква акција не е забележана во досегашната историја на двете организации, а тие веќе треба да предизвикаат голема загриженост во Брисел. Загрижувачки е фактот што клучните безбедносни предизвици и закани за Северна Македонија доаѓаат од земји-членки на НАТО, чиј член е и Северна Македонија“, се посочува во анализата.

Од друга страна, ИФИМЕС вели дека аналитичарите веруваат дека извршната наредба на американскиот претседател Џозеф Бајден претставува предупредување и порака до сите во регионот на Западен Балкан но и до македонските власти да ја интензивираат борбата против криминалот и корупцијата и да се спротивстават на негативните појави и поединци кои можат да го загрозат регионалниот мир и стабилност и просперитет.

„За Република Северна Македонија е од особено значење сите кои го попречуваат или не го признаваат Договорот од Преспа, кој донесе мир, стабилност и просперитет во Северна Македонија, да бидат санкционирани и ставени на „црната листа“ на американската администрација“, се нагласува во анализата.

Според ИФИМЕС, со доаѓањето на власт на актуелната власт во 2017 година, во земјата повеќе не се забележани меѓуетнички инциденти, а се посочува и дека според меѓународните индекси, Северна Македонија е најбезбедна држава.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ