Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денеска организира вебинар на тема „Психолошката состојба на новинарите по известувањето од кризи“.
Вебинарот ќе се одржи преку платформата Zoom, а е во рамки на проектот „Дигитално организирање на ЦИЕ“ во партнерство со Union to Union, Меѓународната Федерација на новинари (IFJ) и Шведските Синдикати на новинари.
На вебинарот ќе стане збор за известување при кризи, соочување и справување со психолошки последници и за тоа како новинарите и медиумските работници да препознаат симптоми на прегорување, пост-трауматски стрес, анксиозно растројство и панични напади – насоки за превениција и
лекување.
лекување.